Спорт
Одмаздата на Ромеро го остави Паласиос со скршен ‘рбет!
Аргентинскиот фудбалер од средниот ред Езекиел Паласиос добил скршен ‘рбет при 1:1 ремито со Парагвај, потврди неговиот клуб Баер Леверкузен, откако тој доби речиси сигурен намерен удар во грбот во првото полувреме од Анхел Ромеро на „Ла бомбонера“ во Буенос Аирес.
Се очекува Паласиос да паузира најмалку три месеци од повредата, откако беше жртва на еден навистина брутален старт, кој има своја позадина. Зачудувачки Ромеро не доби ниту жолт картон, а аргентинските медиуми тврдат дека се работи за чиста „одмазда“ за инцидент кој се случил пред речиси една година.
На мечот помеѓу Сан Лоренцо и Ривер Плата во аргентинскиот шампион, кој Сан Лоренцо го доби со 1:0, Паласиос, тогаш играч на Плата, го „собра“ братот на Анхел Паласиос, Оскар, за што доби црвен картон.
Exequiel Palacios vs Los Romeros. Te metes con uno y te metes con ambos ? pic.twitter.com/ccxosUaeOF
— #SomosCERRO ?❤️? (@SomosCERRO) November 13, 2020
Exequiel Palacios vs Los Romeros. Te metes con uno y te metes con ambos ? pic.twitter.com/ccxosUaeOF
— #SomosCERRO ?❤️? (@SomosCERRO) November 13, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нема повеќе повторување на натпревари во ФА Купот
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), објави дека од следната сезона, во ФА купот нема да се преигруваат натпреварите кои ќе завршат без победник. Правилото, старо колку и самото натпреварување, од следната сезона ќе важи само во квалификациите. за повторување ќе важи само во квалификациите.
Укинувањето на повторувањата е само еден од неколкуте чекори договорени од ФА и Премиер лигата во следните шест години.
Во иднина сите натпревари од ФА Купот ќе се играат за викенди, со исклучок на четвртото коло, во кое натпреварите ќе се играат од петок до среда. Во четвртото и петтото коло од ФА Купот нема да се играат натпревари од Премиер лигата.
Финалето на ФА Купот ќе се одигра во претпоследниот викенд од сезоната во Премиер лигата. Тој ден нема да се играат натпревари од Премиер лигата. Во петок, на ден пред финалето на ФА Купот, нема да има натпревари од Премиер лигата.
Промените во ФА Купот ќе донесат поинаков вид посветеност на Премиер лигата. Прво, Премиер лигата ќе обезбеди дополнителни 33 милиони фунти за фудбалот, покрај 100-те милиони фунти што досега ги плаќаше на крајот од секоја сезона.
Покрај тоа, Премиер лигата ги задржува сите претходни обврски – на секои три години Премиер лигата исплаќа 1,6 милијарди фунти за сите нивоа во машка и женска конкуренција за да помогне во развојот на фудбалот.
Одлучено е и Комјунити Шилд натпреварот за сезоната 2024/25 да се одигра во сабота на 10 август. Една недела подоцна ќе започне сезоната во Премиер лигата.
Спорт
Лирој Сане има чудна повреда поради која не може да седи
Лирој Сане, во средата, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Баерн, кој преку Арсенал избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер повреден го одиграл тој натпревар и дека планира да игра до крајот на сезоната.
Сане има чудба повреда поради која не може нормално да седи.
Како резултат на тоа, тој не поминува време со соиграчите пред и по тренинзите, а тешко му е и да патува.
Но, и покрај тоа, му порачал на тренерот Томас Тухел дека не размислува да прави пауза за да ја лечи повредата, особено не сега кога Баерн Минхен го очекува двомеч со Реал Мадрид.
Сане има повреда на срамната коска, односно на препоните, една од трите главни коски на карлицата. Германските медиуми пренесуваат дека Сане под блокада го одиграл реваншот од четвртфиналето со Арсенал, но дека по натпреварот имал сериозни болки.
Напуштајќи го стадионот, тој наводно им рекол на тренерот и соиграчите дека ќе продолжи да тренира и да игра како ништо да не се случило, особено што поради повреди мечот го пропуштија Серж Гнарби и Кингсли Коман.
Сезонава Сане има девет гола и 13 асистенции на 39 настапи во дресот на Баерн.
Спорт
Невозможно е да се добие пенал серија против Емилијано Матинез
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез можеби не е најдобар пример за новата генерација, но неговите голмански квалитети не можат да се оспорат.
Мартинез е „доктор за пенали“, а тоа уште еднаш го докажа во Лил, каде беше најзаслужен што неговата Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.
Мартинез беше пречекан од непријателска публика во Франција по се што се случи на Мундијалот во Катар, кога Аргентина во финалето на пенали ја победи Франција.
Натпреварот Лил-Астон Вила заврши со резултат 2:1, идентична понеда англискиот тим забележа на домапен терен, па откако и по дополнителните 30 минути немаше промена во резултатот, победникот го решија пеналите.
Мартинез тука повторно блескаше, ги одбрани пеналите на Бенталеб и Андре и го однесе својот тим понатаму во борбата за европскиот трофеј.
Тоа беше негова петта последовна пенал серија од која излезе како победник.
Мартинез во пенал рулетот:
Комјунити Шилд 2020 против Ливерпул ✅
Полуфинале на Копа Америка 2021 против Колумбија ✅
Четвртфинале на СП 2022 против Холандија ✅
Финале на Светското првенство 2022 против Франција ✅
Четвртфинале на Конференциската лига 2024 против Лил ✅