Спорт
Оклахома и Детроит ги обезбедија првите места во своите конференции
Актуелните шампиони, Оклахома Сити Тандер, со победа од 128:110 над ЛА Клиперс, го обезбеди првото место за плејофот втора година по ред, а трет пат по ред ќе ја завршат регуларната сезона на првото место во Западната конференција.
Чет Холмгрен ги предводеше Тандер (64-16) со 30 поени и 14 скока, а Шеј Гилџес-Александер додаде 20 поени и 11 асистенции, во седмата последователна победа во тековната победничка низа.
Откако ја освоија првата титула во историјата на франшизата минатата година, Тандер повторно ќе имаат предност на домашен терен во текот на целиот плејоф. А колку тоа им значи, потврдува и најдобриот домашен настап во лигата (34-6).
Доволно е да се потсетиме дека Тандер ја освоија и минатогодишната титула со победата во решавачкиот, седми натпревар од финалето на домашен терен.
На Истокот, првото место веќе го обезбедија Детроит Пистонс (58-22), кои синоќа пред своите навивачи ги победија Милвоки Бакс убедливо со 137:111.
Џејлен Дурен го предводеше тимот со 21 поен, додека Кејд Канингем се врати по долга пауза (пропушти 11 натпревари) и веднаш запиша „дабл-дабл“ (13 поени, 10 асистенции). Бакс го претрпеа осмиот пораз во последните десет натпревари, а Џерико Симс оствари трипл-дабл со 11 поени, 11 скока и 10 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Загина Алекс Манингер
Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток.
Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција.
Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините.
Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш врвниот спортист набргу по пристигнувањето на местото на настанот.
Манингер беше клучна фигура во освојувањето на двојната круна за Арсенал во 1998 година, кога брилијантно го замени повредениот Дејвид Симан.
Подоцна, тој беше сигурна поддршка за Џанлуиџи Буфон во Јувентус многу години, а играше и за Салцбург, Грацер, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Фиорентина, Удинезе, Аугсбург.
Ја заврши кариерата во 2017 година во Ливерпул, каде што им помагаше на младите голмани под водство на Јирген Клоп.
Тој одигра 33 натпревари за репрезентацијата, а беше учесник и на Европското првенство во 2008 година.
Спорт
(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта
Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа.
Се очекуваше шпанскиот тим да ја одбрани својата чест по рутинскиот пораз во Германија, но и во овој натпревар играше само еден тим.
Селта беше поагресивна на почетокот, сакаше да постигне брз гол, но тоа беше прекинато од евроголот на Матановиќ.
Сузуки успеа да ја удвои предноста до крајот на првото полувреме по добра тимска акцијаг.
Јапонците во тимот на Фрајбург ја продуцираа акцијата за 0:3, а стрелец беше повторно Сузуки.
До крајот на натпреварот, Селта постигна почесен гол преку Сведберг во судиското продолжение.
Во полуфиналето, Фрајбург го чека подобриот од двата натпревари меѓу Бетис и Брага. Првиот натпревар заврши 1:1.
Foto/ EPA
Спорт
Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од ко-домаќините
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите сопернички на Европското првенство, кое ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција во декември 2026 година.
Македонските ракометарки се во групата Б во Клуж против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија.
Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, најсилната селекција во светото Норвешка, актуелен европски и светски првак и Швацарија..
Ждрепка за ЕП:
Група А: Унгарија, Црна Гора, Словенија, Исланд
Група Б: Норвешка, Романија, Швајцарија, Македонија
Група Ц: Данска, Шпанија, Турција, Грција
Група Д: Холандија, Чешка, Австрија, Хрватска
Група Е: Франција, Полска, Фарски Острови, Украина
Група Ф: Шведска, Германија, Словачка, Србија
Европското првенство прв пат во историјата ќе се игра во пет држави (Рпманија, Словачка, Турција, Чешка и Полска, а ќе се одржи од 3 до 20 декември.
Фото/ Ракометна федерација на Македонија
