Спорт
Олимпијакос тргна по потписот на Стефан Ристовски

Олимпијакос е последниот клуб со кој се поврзува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Десниот бек, сигурно ќе го напушти Спортинг, до крајот на преодниот рок, прашање е само која ќе биде негова следна дестинација.
Ристовски, сезонава е отпишан во Спортинг, неколку месеци неговото име се поврзува со неколку клубови: Динамо и Спартак од Москва, Брага, Фиорентина, а сега во редот застана и грчкиот великан, Олимпијакос.
За услугите на Ристовски бил заинтересиран тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс. Планот на клубот од Пиреа е да го донесе Ристовски на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лаутаро: Не мислам на Барселона, ќе останам во Интер

Лаутаро Мартинез, потврдил дека наскоро ќе го стави својот потпис на новиот договор со Интер. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година. Аргентинецот, минатото лето, беше пред трансфер во Барселона, меѓутоа клубот од „Ноу Камп“, немаше пари да го покрие обесштетувањето од 111 милиони евра, а Интер ја одбија можноста за Лаутаро да добијат помала сума на пари и еден или двајца фудбалери.
„Вистина е дека преговарав со Барселона и трансферот за малку ќе се реализираше. Сепак тоа не се случи, тоа го оставив зад себе. Сега воопшто не размислувам за Барселона, само Интер ми е во мислите, тоа и му го кажав на тренерот“, рекол Лаутаро за „Газета дело Спорт“ и дополнил.
„Сигурно ќе го продолжам договорот. Не знам кога тоа ќе се случи, но ќе се случи. Уште долги години се гледам себе си во Интер. Ми се допаѓа градот, тимот, храната, навивачите. Навистина уживам“.
Лаутаро во 2018 година, за 25 милиони евра, од Расинг се пресели во Интер. За Интер има одиграно 117 натпревари, на кои постигнал 45 голови, 15 од нив постигнал оваа сезона.
Спорт
Клоп: Сега не е време за реконструкција
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека нема потреба од некаква голема реконструкција во неговиот тим, во летниот преоден рок.
12 фудбалери на Ливерпул имаат 28 или повеќе години, деветмина од нив се стандардни во првиот тим, поради тоа новинарите го прашале Клоп дали планира некаква реконструкција во преодниот рок.
„Што значи збот реконструкција? 10 играчи да си заминат и дојдат 10 нови? Знам која ви е поентата, но сметам дека не е време за големи промени“, рекол Клоп.
„Првиот тим немаше многу прилики да игра заедно оваа сезона. Секако дека некакви промени ќе има. Че реагираме онака како наложува ситуацијата. Не сум сугурен што точно ќе направиме летово, нешто ќе се обидеме да направиме“, заклучил менаџерот на Ливерпул.
„Црвените“, во недела, ќе гостуваат кај Шефилд јунајтед. По серијата од четирите порази, Ливерпул мора да победи кај „фенерџијата“ во Премиер лигата.
Спорт
„Најтешкиот пораз во кариерата го доживеав од Манчестер јунајтед“

Томас Тухел, утре, трет пат во кариерата ќе се сретне со Манчестер јунајтед. Челси, во дербито на колото ќе ги пречека „црвените ѓаволи“, од 17.30 часот.
Тухел, кој на почетокот на годината го наследи Френк Лампард во Челси, во минатото два пати имал можност да води тим против Манчестер јунајтед.
Пред две сезони, во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, Јунајтед го елиминираше ПСЖ, иако тимот на Тухел победи на „Олд Трафорд“ во првиот меч со 2:0. Реваншот беше кошмарен за него и неговиот тим, Јунајтед со победа од 3.1 се пласираа во наредната рунда.
„Тоа е најлошиот пораз во мојата кариера. Дојде од никаде. Бев два дена во темнина. Тој натпревар и утрешниот не можат да се споредат“, рекол Тухел.
Во пресрет на натпреварот Челси се петти на табелата со 43 поени, додека Јунајтед се втори со шест поени повеќе од „сините“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер