Спорт
Олимписка победничка стави крај на кариерата на 22 години

Олимписката победничка во ритмичка гимнастика, 22-годишната Израелка Линој Ашрам, објави дека става крај на кариерата и дека ќе се занимава со тренерска работа.
Ашрам стана првата Израелка кој освоила златен медал во повеќебој на Олимписките игри во Токио минатата година, со што ја прекина 20-годишната руска доминација во овој спорт.
„Знам дека ова патување вредеше затоа што на мојата визит-карта пишува „олимписки победник“, изјави Ашрам на прес-конференција. „Спортистот треба да знае кога да се пензионира. Го остварив мојот сон. Ќе продолжам, но од другата страна, како тренер на млади гимнастичари кои допрва сакаат да го остварат својот сон”, додаде таа.
Ашрам освои шест сребрени и пет бронзени медали на Светските првенства 2017, 2018 и 2019 година и два златни и еден бронзен медал на Светскиот куп минатата година. Таа, исто така, освои злато во повеќебој на Европското првенство во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејан Станковиќ ќе биде тренер на Црвена Звезда и во наредните три години

Српскиот првак Црвена Звезда го продолжи договорот со тренерот Дејан Станковиќ до 2025 година. И покрај најавите од минатата зима дека на крајот од актуелната сезона би можело да дојде до разделба меѓу Црвена звезда и Дејан Станковиќ поради поканата што српскиот стручњак ја доби од Италија, сепак се случи спротивното.
Самиот истакна дека сака и следната сезона да биде тренер на тимот и тоа ќе му биде исполнето.
„Се чувствувам феноменално. По многу добра и тешка сезона, направивме голем успех и потпишувањето на договорот е потврда дека заедно можеме да направиме се, да размислуваме позитивно за иднината. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за нивната доверба и трпение. Беа убави овие две и пол години, а сега започнува нов и уште посилен циклус. Ова е само потврда дека клубот верува во мене уште од првиот ден, па правиме силна целина. Исто така би сакал да им се заблагодарам на моите момци, без нив ни јас не би бил комплетен. Благодарам и на навивачите кои секогаш беа со мене и ја даваа својата поддршка. Заедно можеме да направиме се“, изјави Дејан Станковиќ.
Црвена Звезда ја освои шампионската титула во Србија, а ќе игра против Партизан и во финалето на Купот.
Спорт
„Кралевите“ ќе понудат 120 милиони евра за ѕвездата на Милан

Реал Мадрид нема предолго да „жали“ за недоаѓањето на Килијан Мбапе и ќе се фокусира на нови засилувања кои ова лето треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“. Во фокусот на „кралевите“ е претстојното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул, но раководството и тренерот Карло Анчелоти размислуваат и за новите имиња.
Реал Мадрид е пред договор со Аурелиен Чуамени од Монако, а допрва ќе треба да се најдат добрите решенија за засилување на нападот.
Рафаел Леао од Милан, кој е избран за МВП играч на сезоната во Серија А, е во фокусот на Реал. Португалецот имаше одлична сезона во дресот на Милан, постигна 11 гола и забележа 10 асистенции во Серија А, а има договор до јуни 2024 година.
„Кралевите“ за него се подготвени да понудат 120 милиони евра.
Спорт
„Мистер финале“ во обид да остане европски перфектен: Жозе Мурињо пред прв голем трофеј со Рома

Рома шест децении чека на европски трофеј. Жозе Мурињо е на прагот на историја, да стане првиот тренер кој ја освоил Лигата на шампионите, Купот на УЕФА (предвесник на Лига Европа), Лигата на Европа и Лигата на конференции. Вечерва, португалскиот стратег ќе ја предводи „волчицата“ против Феенорд во обид за нов голем успех.
Иако многумина новоформираното натпреварување го сметаат за сосема непотребно, солзите на Жозе Мурињо по пласманот во финалето го обиколија светот и едноставно, за него тој пехар е повеќе од се, бидејќи знае колку страдаше во последните години и колку му е потребно да го освои овој трофеј.
Рома се мачеше да стигне до финалето, губејќи двапати од Бодо Глимт, еднаш во групната фаза, а подоцна и во четврт-финалето, но, сепак, отиде понатаму.
Колку Мурињо е фаворит и во ова финале, најдобро говорат неговите досегашни европски финалиња. Тој учествуваше во четири и во сите четири излезе како победник.