Спорт
Оливеира „крал“ на дождот во Индонезија
Португалецот Мигуел Оливеира најдобро се снајде на влажната патека за да триумфира на Индонезиското ГП на патеката Мандалика, издржувајќи го последниот обид на Мото ГП шампионот, Фабио Квартараро за прва победа оваа сезона.
Подиумот го комплетираше уште еден Французин, Жоан Зарко, откако трката повеќе пати беше одложувана поради силниот дожд, а организаторите дури повикаа еден шаман да ја направи својата „магија“ и да го спречи дождот.
La Nina vs the shaman. pic.twitter.com/Y78S2VWeWS
— Aida Greenbury (@AidaGreenbury) March 20, 2022
Првата трка во Индонезија од 1997 година започна со веста дека шесткратниот шампион, Марк Маркез нема да стартува по хорор-излетувањето на загревањето, во кој доби потрес на мозокот. Оливеира стартуваше од седмото место, но во средината на трката успеа да го помине лидерот Џек Милер и потоа да направи предност од над 7 секунди и до крајот на трката само шампионот Квартараро успеа да дојде блиску до него. Ова е четврта победа во Мото ГП за Оливеира.
Во генерален пласман, победникот од првата трка, Енеа Бастијанин останува лидер со 30 поени, Јужноафриканецот Брад Биндер е втор со 28 пред Квартараро со 27 и Оливеира со 25 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крај на сезоната за Де Јонг
Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.
Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.
Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.
Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.
Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.
Спорт
(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0
Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.
На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.
На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.
Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.
Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.
Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.
Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.
Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.
Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.
Спорт
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Мареј погоди за победа со звукот на сирената
Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 101:99. Џамал Мареј го погоди шутот за победа, со звукот на сирената.
Актуелните шампиони водат во серијата против ЛА Лејкерс со 2:0. За Денвер од е 10. последовна победа над „езерџиите“.
Неверојатна натпревар се одигра во „Бол арената“ во која Денвер Нагетс заостануваа од првата до последната минута, единствениот пат кога имаа предност беше конечниот резултат 101:99.
WHAT A BUCKET. THIS IS JAMAL MURRAY EVERYONE. 🏹 pic.twitter.com/xfihf0lXAe
— Denver Nuggets (@nuggets) April 23, 2024
Денвер губеше, со 15 разлика на полувреме и 20 разлика во третата четвртина, но успеа да се врати и да поведе со 2-0 во серијата.
Никола Јокиќ одигра брутален натпревар со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.
Мајкл Портер Јуниор мечот го заврши со 22 поени, а Мареј, кој до последните минути играше лошо, додаде 20 поени и шест асистенции.
Во поразениот тим Дејвис имаше учинок од 32 поени и 11 скока, а Леброн Џејмс 26 поени, осум скока и 12 асистенции.
Серијата сега се сели во Лос Анџелес за следните два натпревари.