Контакт

Спорт

Орие го напушти Тотенхем – следна дестинација Арсенал?

Објавено пред

Серж Орие во финишот на преодниот рок ја раскина соработката со Тотенхем. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сега е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата. Бидејќи е играч без клуб, тој во кој било момент може да се пресели на избраната дестинација.

Арсенал прв покажа интерес за Орие. Иако во преодниот рок, во Арсенал пристигна Такехиро Томијасу, десниот бек би можел да го засили големиот ривал на Тотенхем. Томијасу е десен бек, но тој може да игра и во централниот дел на одбраната.

Доколку Орие се пресели во Арсенал, тој ќе стане четвртиот фудбалер во историјата што играл за двата клуба од северниот дел на Лондон. Орие ќе им се придружи на Вилијам Галас, Сол Кембеп и на Емануел Адебајор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Веќе не се недопирливи – Меси и Роналдо сега се само „обични“ фудбалери

Објавено пред

Светскиот фудбал во последните речиси две децении беше во знакот на „недопирливите“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо, ѕвезди какви што ретко беа видени во светот на фудбалот, но работите се менуваат.

Во интересен напис на шпанска „Марка“, се посочува дека кон двајцата, конечно, тренерите се однесуваат како кон „обични“ фудбалери, откако двајцата беа заменети во ситуација кога нивните тимови беа очајни по гол.

Прво беше ред на Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите, неговата голема сцена – кога Манчестер јунајтед беше израмнет со 1:1 со Јанг бојс, и Оле Гунар Солскјер реши да го изнесе од игра и да го внесе Џеси Лингард. Тој не беше задоволен со оваа одлука, и фрустрациите се зголемија кога Лингард направи грешка и им го подари победничкиот гол на Јанг бојс.

Потоа, дојде редот на Меси во неделата. Пари Сен-Жермен мораа да се вратат од гол-негатива против Лион со пеналот на Меси, но кога дојде време за одлука, Маурисио Почетино реши да го повлече поранешниот фудбалер на Барселона, но ова се покажа како вистинска одлука, откако Мауро Икарди постигна гол за победа во судиското продолжение. Ова беше поконтроверзна одлука, бидејќи Меси беше очигледно лут, одбивајќи да се ракува со Почетино пред излегувањето од игра.

Меси има 34 години, а Кристијано 36, а исто така сега се во тимови каде што очигледно тие го немаат последниот збор.

Прикажи повеќе...

Спорт

Инсект што пие крв именуван по Симона Халеп!

Објавено пред

Симона Халеп во својата тениска кариера има многу титули, две гренд слем титули и армија навивачи, а сега има и ново достигнување – инсект што цица крв и кој ќе го носи нејзиното име.

Универзитетот за земјоделство и ветерина во Клуж, Романија, објави дека новооктриениот инсект, кој бил откриен во близина на Констанца, југоисточна Романија, ќе го носи нејзиното име. Халеп, која е родена во пристаништето на Црното Море, Коснтанца, го одобрила новото име.

Латинското име на инсектот е phlebotomus simonahalepae и тој бил откриен од истражувачите од Европскиот центар за заштита во Канарауа Феци во близината на бугарската граница, а извештајот бил објавен во август.

„Ова научно откритие го посветуваме на Симона Халеп. Тоа е признание за нејзините перформанси и за славењето на Романија во светот“, изјави координаторот на студијата, професорот Андреј Михаика.

Прикажи повеќе...

Спорт

Се тресе во Торино! Алегри: И тие сакаат да играат за Јувентус!

Објавено пред

По 1:1 ремито со дербито во Милан, Јувентус се наоѓа на 18. место во Серија А, нешто што одамна не се случило, така што моралот во тимот не е највисоко ниво, што можеби најдобро го отсликува видеото од реакцијата на Масимилијано Алегри по крајот на мечот.

Алегри беше незадоволен што Јувентус првпат по 60 години, нема победа во првите четири меча во Серија А, а уште полут на однесувањето на своите играчи и не ја криеше фрустрацијата заминувајќи од теренот.

Видеото што стана вирално во Италија го покажува Алегри како пцуе на италијански и си зборува самиот на себе: „Тие дури сакаат да играат за Јувентус“.

На прес-конференцијата по мечот, Алегри им порача на играчите да сфатат дека дресот на Јувентус е потежок од тој на другите клубови во Италија и додаде дека младите фудбалери, како Федерико Киеза, мора да сфатат што значи да се игра за „бјанконерите“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет1 час

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион2 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија5 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија8 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија8 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија9 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет10 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија1 ден

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет1 ден

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија1 ден

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија1 ден

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет2 дена

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа2 дена

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет2 дена

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Досие