Спорт
Оскар Табарез по 15 години ја напушти клупата на Уругвај

Оскар Табаерз повече не е селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај. „Ел Маестро“ ја напушти функцијата поради лошите резултати во квалификациите за пласман на Светското првенство. Со серијата од четири порази Ургвај ја компромитира позицијата во борбата за Мундијалот во Катар.
Оскар Табарез 15 години го предводеше Уругвај. 74-годишникот е селектор со најмногу натпревари на клупата на една репрезентација. Уругвај го предводел во 224 натпревари. Освои една титула на Копа Америка, а во 2010 година играше во полу-финалето на Светското првенство во Јужна Африка.
На четири кола до крајот на квалификациите во Јужна Америка, Уругвај се наоѓа на седмото место, со бод помалку од Колумбија кој се наоѓа на четвртото место, кое обезбедува пласман во Катар и бод помалку од Перу, кој се наоѓа на позицијата која обезбедува интерконтинетален бараж.
Според уругвајските медиуми, нов селектор ќе биде актуелниот тренер на Интернасионал од Порто Алегре, Диего Агире.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(ВИДЕО) Штутгарт обезбеди три гола предност против Хамбургер во битката за опстанок

Штутгарт го победи Хамбургер со 3:0 на домашен терен во првиот меч од плеј-офот за опстанок во Бундеслигата. Реваншот се игра на 5 јуни во Хамбург, а Штутгарт ќе замине со убедлива предност.
Мавропанос уште во првата минута донесе водство за Штутгарт, а Гираси потоа не реализира пенал.
Вагноман и Гираси на почетокот на второто полувреме постигнаа уште два гола за Штутгарт кој стигна до убедлив триумф.
Хамбургер од 69.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сухонен.
Borna Sosa takes the corner kick, and Serhou Guirassy takes the ball to the net from the lower right corner with an accurate headshot, making it to the top of the goal area. VfB Stuttgart 3-0 Hamburgerpic.twitter.com/WUnptvqLPb
— FootColic ⚽️ (@FootColic) June 1, 2023
Спорт
Бензема ќе остане во Реал Мадрид, тврди „Марка“

Францускиот ас Карим Бензема и неговото наводно заминување од Реал Мадрид и преселба во Саудиска Арабија, го кренаа светот на нозе. Саудискиот клуб Ал-Итихад го мами со неверојатна понуда од 400 милиони евра за две сезони, а дојдоа информации дека тој веќе прифатил, иако има устмен договор со Флорентино Перез да остане уште една сезона во „кралскиот клуб“.
Сепак, Бензема во интервју за „Марка“ изјави дека тоа што се пишува на интернет е далеку од реалноста, а сега влијателниот шпански медиум тврди дека Французинот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона.
Спорт
Спалети е избран за тренер на годината во Серија А

Стратегот на Наполи, Лучијано Спалети, е прогласен за најдобар тренер во Серија А за сезоната 2022/23. Наградата ќе му биде врачена пред натпреварот од последното 38. коло во италијанското првенство, кога „партенопеите“ на 4 јуни ќе играат против Сампдорија.
Оваа сезона, Наполи стана шампион на Италија за првпат од 1990 година.
#LucianoSpalletti è l’allenatore dell’anno in Serie A https://t.co/FgCWPR2gII
— Il Mattino (@mattinodinapoli) June 1, 2023
Спалети претходно потврди дека го напушта тимот на крајот на сезоната.
Жирито кое ја додели наградата за најдобар тренер во Серија А беше составено од директори на спортски весници во Италија. Тие ги оценуваа тренерите индивидуално според спортско-техничките критериуми и квалитетот на играта на нивните тимови, како и однесувањето/фер-плејот за време на натпреварите.