Спорт
„Отпишаните“ Иско и Азар го спасуваа Реал кај Елче!

Реал Мадрид беше со 10 играчи и губеше со 0:1 од аутсајдерот Елче во осминафиналето на Копа дел реј, кога на сцена стапија двајца фудбалери кои се сметаат за „отпишани“ од „кралевите“, Иско и Еден Азар, кои беа креатори на фантастичен камбек и 2:1 победа.
Откако во регуларните 90 минути од мечот немаше голови, во 102. минута од продолжението Марсело доби црвен картон, за само две минути подоцна, Гонзало Верду да постигне гол за неверојатно водство на домаќинот.
Среќата на Елче траеше кратко, и за тоа беа одговорни две замени. Иско во 108. минута успеа да израмни за тимот на Карло Анчелоти, пред Азар во 115. минута да обезбеди четврт-финале за „кралевите“.
#CopaDelRey 🇪🇦#Elche 1️⃣-2️⃣ #RealMadrid
Edén Hazard se saca al arquero y anota el gol de la ventaja para el Real Madrid.#ElcheRealMadridpic.twitter.com/7809SbqHsD
— Ritual Fútbol (@ritual_futbol) January 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трабзон го обнови интересот за Алиоски

Турскиот шампион Трабзонспорт, во летниот преоден рок, ќе се обиде да го донесе во своите редови македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски.
Трабзонспор и минатото лето покажуваше интерес за 30-годишниот лев бек, но Алиоски тогаш како слободен играч реши да се пресели во Саудиска Арабија, во Ал Ахли.
Алиоски зад себе има одчична сезона во Ал Ахли, постигна шест гола и забележа шест асистенции. На крајот од сезоната се најде во идеалниот тим, во првенството на Саудска Арабија.
Трабзон, пред две недели, по пауза од 38 години, повторно станаа шампиони на Турција. Тие изборија место во плеј-офот во Лигата на шампионите. Доколку не успеат да влезат во групите во Лигата на шампионите ќе играат во Лига Европа.
Спорт
Шок на „Сантијаго Бернабеу“, Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ
Килијан Мбапе ја донесе конечната одлука, а таа гласи – ќе потпише нов договор со ПСЖ. На овој начин сапуницата која траеше повеќе од шест месеци доби епилог. Повеќе извори потврдија дека Мбапе го извиси Реал Мадрид со одлуката да остане на „Паркот на принцовите“.
Џанлука Ди Марцио, еден од најсигурните извори, тврди дека Мбапе конечно решил да го одбие Реал Мадрид, но дека не се познати деталите од договорот со Пари Сен Жермен.
Се шпекулира дека Мбапе ќе добие огромна плата (околу 60 милиони евра) и бонус од преку 100 милиони евра за потпишување на новиот договор, а Мбапе ќе добие 100 проценти од парите од маркетинг правата. Исто така, ПСЖ решија да направат преседан, со одлуката да му дозволат на фудбалерот да одлучува околу изборот на новиот тренер и засилувањата.
Ова е голем удар за Реал Мадрид, најмногу поради тоа што Флорентино Перез целата своја енергија и пари и планови ги вложи во Мбапе и се откажа Ерлинг Халанд кој се сели во Манчестер Сити.
Спорт
Тебас експлицитен: Барселона не може да го купи Левандовски
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, тврди дека Барселона нема шанси да го донесе Роберт Левандовски во летниот преоден рок. Тебас се повикува на финансиските прописи кои лани беа клучни за заминувањето на Лионел Меси. Првиот човек на Ла Лига откри дека трансферот и платата на Левандовски не може да се вклопи во финансиите на клубот.
Во разговор со „Марка“ на тема Барса и Левандовски, Тебас рече.
„Бројките се едноставна работа. Кога имаш загуба од над 500.000.000 евра во последните две години, прво треба да ја покриеш, а потоа да донесеш играчи. Левандовски има договор со Баерн на уште една година, па кога ќе се земе во предвид неговата плата и сумата што ја бараат Германците за обесштетување, не гледам како Барселона би можела да го доведе“.
Во теорија, спас може да биде продажбата на играчи. На пример, Френки де Јонг, кој може да заврши во Манчестер Јунајтед.
„Тоа би можело да биде решение, но зависи од тоа за клоку пари ќе го продаде Барселона овој играч. На пример, од целата пресметка, која вклучува продажба на играчи, па исплатена отштета и плата за другиот, Барселона би трабала да биде во плус од 100.000.000 евра. Де Јонг може да го донесе тоа. Ако воопшто планираат да го продадат“, изјави Тебас.
Според информациите на медиумите, Левандовски договорил тригодишен договор и годишна плата од 9.000.000 евра. Баерн веројатно би прифатиле обесштетување од 40.000.000 евра.