Спорт
Оже-Алијасим елиминиран од 204. играч на АТП листата

Холандскиот тенисер Тим ван Ријтовен се пласираше во финалето на турнирот во Хертогенбош. Ван Ријтовен, 204 на АТП листата, на турнирот влезе со специјална покана од организаторот.
На домашен терен тој ги победи Метју Ебден, 14. играч во светот Тејлор Фриц, Хуго Гастон, а во полуфиналето приреди вистинска сензација со победата над деветтиот светски рекет Фелис Оже-Алијасим.
Против Канаѓанецот, Ван Ријтовен победи со 2:1 (6/3, 1/6, 7/6).
Тенисерот од Рузндал, никогаш нема да го заборави учеството на овој турнир. Во Хертогенбош стигна до првата АТП победа, ја забележа првата победа над тенисер од Топ 10 и се пласираше во првото АТП финале во кариерата.
За титулата Ван Ријтовен ќе игра против Данил Медведев или Адријан Манарино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Академија Пандев се надева на подвиг во Полска против Лехија Гдањск

Македонскиот претставник Академија Пандев вечерва го игра првиот натпревар од пресметката против Лехија Гдањск од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Противникот е голем фаворит, а тренерот Ѓорѓе Стојчев верува дека овие европски дуели ќе бидат големо искуство за неговиот млад тим.
Нашиот тим се надева дека може да направи изненадување.
„Ние сме мал клуб и вторпат излегуваме во Европа, но подготвени сме за предизвикот. Лехија Гдањск е фаворит, но ние ќе сториме се за да одиграме квалитетно и да избориме поволен резултат за нас. Верувам дека ова ќе биде непроценливо искуство за овој млад тим на Академија Пандев“, изјави Ѓорѓе Стојчев пред вечерашниот меч во Гдањск.
Натпреварот меѓу Лехија Гдањск и Академија Пандев се игра вечерва, со почеток во 20.15 часот, на „Полсат плус арена“ во Гдањск.
Спорт
Елена Рибакина ќе ја предизвика Онс Жабер во финалето на Вимблдон

Елена Рибакина од Казахстан е втората финалистка на Вимблдон. Таа во финалето ќе и се спротистави на Онс Жабер, која прва обезбеди пласман во мечот за трофејот.
Рибакина во два сета беше поуспешна од некогашната најдобра светска тенисерка, Романката Симона Халеп. Таа славеше со 6-3, 6-3.
Елена Рибакина ги доби првите три гема и најави дека е подготвена да го добие првиот сет. Во ист ритам продолжи и во вториот, и го доби со идентични 6-3.
Спорт
Шкендија посакува триумф против Арарат на вечерашната пресметка во Скопје

Македонскиот фудбалски клуб Шкендија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува ерменскиот тим Арарат во првиот меч од воведното коло во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Нашиот претставник важи за умерен фаворит, а тренерот Артим Шаќири вели дека првиот меч е многу важен за крајниот исход.
„Подготвени сме за предизвикот. Го анализиравме Арарат до детали и нема да го потцениме. Сепак, исто така и не треба да го прецениме ривалот. Веруваме во нашите квалитети и треба да докажеме дека сме подобар тим“, истакна Артим Шаќири.
Капитенот Егзон Бејтулаи се надева дека Шкендија ќе има солидна европска одисеја оваа година.
„Имавме две неуспешни години во Европа и се надевам дека сега ќе бидеме многу подобри. Посакувам повторно да дојде некој голем европски тим во Македонија, а за тоа ќе треба да оствариме неколку победи“, изјави Бејтулаи.
Натпреварот меѓу Шкендија и Арарат започнува од 20 часот на Националната арена во Скопје.