Спорт
Панчев му даде поддршка на Пикси: Србија не треба да го менува селекторот

Најдобриот македонски фудбалер за изминатиот век, Дарко Панчев, му изрази поддршка на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство. Тој вели дека неговиот некогаш соиграч од Црвена Звезда и голем пријател, Пикси, мора да остане на кормилото на Србија.
Сепак, и тој го дели ставот дека селекцијата на северниот сосед забележа неуспех на Мундијалот во Катар.
„Неуспех на Србија? Да, неуспех. А сепак, јас не сум од оние кои гледаат на се црно, овој српски тим не заслужува премногу критики. Велам, тимот, мислам и на стручниот тим и на играчите. Да не заборавиме дека во последните две години постигнаа забележителни резултати, се играше добро, имаше натпревари кога се играше фантастична и како може да се зборува и пишува за тоа дека ниту професијата ниту играчите немаат поим?! Во секој случај, нешто се случи во Катар, се вклучија проблеми, Пикси наведува дека имало многу повреди и дека поради тоа поединци не можеле да го дадат својот максимум, верувам, секако, и повторно, ова е за анализа, се поставува прашањето: зошто не играа тие што беа 100 проценти подготвени. Но, никако да фрламе дрвја и камења по тимот, по работата на тимот… Всушност, неопходна е промена, се работи за промена на балканскиот менталитет“, изјави Панчев за „Спорт клуб“.
Панчев му даде поддршка на селекторот Стојковиќ, посочувајќи дека е неопходно заедно со него да се создаде систем.
„Дали ќе се менува селектор секоја втора година? Пикси мора да остане на чело уште најмалку четири-пет години и да го задржи постоечкиот кадар, континуитетот е услов за постигнување успех. Да се потсетиме на смената на Славољуб Муслин, човекот со Србија, се пласираше на Светското првенство во Русија, а потоа беше сменет, кога се насмеа цела Европа. Ќе повторам, Пикси заслужува доверба за нови радости на фудбалската репрезентација на Србија, поправете се и запишете се во историјата“, истакна Панчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ признава дека „драмата“ со неговиот татко му пречи: Ние сме против војна

На еден меч од 10-та титула на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ по пласманот во финалето во Мелбурн мораше да одговара на прашања кои немаат врска со тенисот, откако неговиот татко Срѓан беше „фатен“ на виде како прославува со руски навивачи. Според Ѓоковиќ, руските фанови ја злоупотребиле добрата волја на неговиот татко да се фотографира и поздрави со нив, и посочи дека неговото семејство секогаш е против војната.
Поради ова, таткото Ѓоковиќ не се појави при 7:5/6:1/6:2 победата над Американецот Томи Пол, а за Ѓоковиќ ова е втора непријатност во Австралија, откако лани беше депортиран поради одбивањето да се вакцинира против КОВИД.
„Секак, не е пријатно за мене да поминувам низ овие работи, посебно по тоа што се случи лани во Австралија. Тоа не го сакам и искрено не ми е потребно. Се надевам дека луѓето ќе се фокусираат на тенисот. Несреќна беше погрешната интерпретација на тоа што се случи и што ескалираше на вакв нив. Имааше многу разгвори со директорот на турнирот, со медиумите и со сите други. Секако, влијае и на мене. Не бев свесен за тоа до вчера вечер. А, потоа не бев задоволен. Мојот татко, моето цело семејство и јас лично, поминавме низ неколку војни в 1990-тите. Како што кажа мојо татко, ние сме против војна, никогаш нема да поддржуваме насилство или војна. Знаеме какв влијание имаше тоа за семејството, за луѓето во мојата земја. Фотографијата беше направена во поминување. Слушнав што вели во видеото: ‘Живели’. Некои медиуми го извртеа тоа. Имаше многу српски знамиња. Мислам дека сметаше дека е со луѓе од Србија“, вели Ѓоковиќ.
Тој додава дека не знае дали неговиот татко ќе присуствува на финалето против Стефанос Циципас.
„Тоа беше заедничка одлука. Ќе видиме како се одвиваат работите и дали ќе биде на трибините на финалето. Се надевам дека луѓето ќе дојдат да гледаат финале и ќе се фокусираат на прекрасниот спорт, тенисот. Грчката и српската заедница се големи во Мелбурн, и нема да има конфликти“, додава Србинот.
Спорт
Кејлор Навас ја прифатил понудата на Нотингем Форест

Голманот Кејлор Навас ја прифатил понудата на Нотингем Форест и би требало да го напушти Пари Сен Жермен до крајот на актуелниот преоден рок. Деталите од договорот не се познати, но се работи за позајмица до крајот на сезоната.
Кејлор Навас е во втор план во ПСЖ каде му е резерва на Џанлуиџи Донарума. Некогашниот незаменлив голман на Реал Мадрид се двоумел околу овој трансфер, но на крајот се согласил да се пресели во Нотингем Форест, иако имаше понуди и од Ал-Наср и од Борнмут.
Навас со „кралскиот клуб“ освои три трофеи во Лигата на шампионите.
Спорт
Арсенал за Каиседо подготви 85 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал подготвува понуда од 85 милиони евра со цел до крајот на овој месец да го доведе играчот за врска Моисес Каиседо од Брајтон. Претходно англиските медиуми пишуваа дека Арсенал испратил прва понуда која била одбиена, но сега очигледно решиле да се обидат и со нова, зголемена сума.
Брајтон одолева на „нападите“ за Каиседо, со оглед дека за него интерес појавуваат и Челси и Тотенхем, но прашање е дали ќе биде така и со новата понуда на „топчиите“.
Претходно Арсенал успеа да го доведе и Леандро Тросар од редовите на Брајтон.