Контакт

Спорт

Паскал Грос се врати во Брајтон

Објавено пред

Првиот ден од новата година e договорен првиот трансфер во англиската Премиер лига, во зимскиот преоден рок.

Брајтон одлучи да го врати својот долгогодишен играч Паскал Грос од Борусија Дортмунд.

Германскиот играч за врска го носеше дресот на „Галебите“ од 2017 до 2024 година и практично стана легенда на клубот, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд.

34-годишниот играч за врска има договор со „милионерите“ до крајот на сезоната, но на Брајтон му е потребен веднаш, па ќе платат отштета од 1.500.000 евра за Грос.

Потребно им е искуството на Грос на галебите“, бидејќи потенцијално им се заканува борба за опстанок. Моментално се на 14-то место на табелата со 25 бода.

Foto/ depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Со специјални покани од ИХФ, Турција и Саудиска Арабија ќе настапат на Светското првенство

Објавено пред

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија.

Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука.

Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи утре во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.

Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион.

Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место во Германија за да се избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Објавено пред

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Француската легенда, тврди дека Инфантино бил вмешан во неговото отстранување од трката за највисоката функција во светскиот фудбал.

Платини, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и некогаш прв фаворит да го наследи Сеп Блатер на чело на ФИФА, беше испитан во 2015 година од страна на Етичкиот комитет на ФИФА за исплата од два милиони швајцарски франци што ги добил од Блатер во 2011 година.

Поради тој случај, Платини беше суспендиран на осум години, а неговата казна подоцна беше намалена на четири години со одлука на Арбитражниот суд за спорт (CAS).

Тој и Блатер потоа се соочија со кривична постапка во Швајцарија, но двајцата беа ослободени пред Федералниот кривичен суд во 2022 година, а ослободителната пресуда беше потврдена по жалба во 2025 година.

По неколку години правна битка, Платини сега одлучи да покрене нова постапка, а сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, е меѓу лицата наведени во барањето.

Неговиот адвокат Оливие Баратели потврди дека во тужбата се тврди дека Инфантино и други актери „работеле на исклучување на Платини од трката за претседател на ФИФА“.

Според тврдењата во документот, токму Инфантино бил тој што најмногу се обидел да ја спречи кандидатурата на Платини.

ФИФА сè уште официјално не ги коментирала овие обвинувања.

Платини во текот на целиот процес тврдеше дека спорната исплата од два милиони швајцарски франци била заостаната плата за работата што ја извршувал како советник на Сеп Блатер од 1998 до 2002 година.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Американците ги третираа фудбалерите на Узбекистан и Сенегал како криминалци

Објавено пред

Репрезентативците на Сенегал и Узбекистан преживеаја вистинска тортура во Соединетите Американски Држави.

Узбекистанците, пред пријателскиот меч со Холандија, на Менхетн, имаа непријатно искуство.

Имено, сите играчи, членови на тренерскиот штаб, службени лица и помошен персонал мораа да поминат низ ригорозна безбедносна проверка штом излегоа од автобусот пред стадионот „Икан“.

Постапка што ретко се гледа пред пријателски натпревар.

Узбекистанците мораа да ги остават своите работи, кои потоа беа поединечно прегледани од американски офицери со детектори за метал, а во контролата беа користени и кучиња трагачи.

Целата постапка предизвика големо незадоволство во узбекистанската репрезентација.

„Тргнете се од торбите“, му викал еден чувар на член на узбекистанската делегација.

Американскиот третман кон еден од учесниците на Светското првенство многумина го опишаа како понижувачки, особено затоа што стануваше збор за спортска делегација, пријателски натпревар, а не за средба со висок ризик или слично.

„Тие само нам ни го прават ова, прашајте ги зошто?“, се пожали легендарниот Италијанец Фабио Канаваро, најдобриот играч на Светското првенство 2006, сега селектор на Узбекистан.

За жал, Узбекистанците не беа единствените што минуваа низ пеколот на ригорозните американски безбедносни мерки.

Слична ситуација доживеа и репрезентацијата на Сенегал, која по пристигнувањето беше подложена на детална контрола, на екстремно висока температура на воздухот и со силно присуство на обезбедување.

„Целосни претреси, соблечени чевли, превртени торби како да станува збор за криминалци. Ова е чисто понижување и срам. Тие никогаш не би ги подложиле белците на ваква контрола“, пишува една африканска телевизиска на „X“.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника3 минути

Починал два дена по несреќа со трактор: 71-годишник од виничко прво заминал дома без да побара помош

Седумдесет и едногодишен жител на виничкото село Драгобраште починал од повредите здобиени во несреќа со трактор, која се случила два...

Црна хроника5 минути

Кривична против 80-годишник поради силување на 14-годишно дете во Валандово

Полицијата од Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Црна хроника8 минути

Маж од скопско починал, бил зафатен од собирачката за сено на тракторот

Седумдесет и тригодишен жител на селото Грушино, скопско, починал по несреќен случај при ракување со трактор, соопшти Министерството за внатрешни...

Топ14 минути

Тело во фаза на распаѓање пронајдено покрај Лепенец кај Орман

Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладне покрај реката Лепенец во селото Орман, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт48 минути

Со специјални покани од ИХФ, Турција и Саудиска Арабија ќе настапат на Светското првенство

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми...

Македонија1 час

Незаконската наплата за влез во Куклица е симбол на нефункционалноста на државата, велат од Левица

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието,...

Регион1 час

Една од најпознатите плажи во Грција останува затворена и ова лето

Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година. Грчките власти...

Македонија1 час

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група...

Економија1 час

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската...