Спорт
Пеле: Ќе гледам Бразил – Јужна Кореја од болничката соба

Најголемиот бразилски фудбалер во историјата, Пеле, преку социјалните мрежи порача дека ќе го гледа мечот од осмина-финалето на Светското првенство меѓу неговиот Бразил и Јужна Кореја од болничката соба во која се наоѓа откако неговото семејство демантира дека тој се наоѓа во палијативниот оддел на болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло бидејќи лекарите се откажале од терапијата за ракот на дебелото црево.
„Во 1958 година одев на улиците рамислувајќи да го остварам ветувањето што му го дадов на мојот татко. Знам дека денеска многу од фудбалерите направија исто ветување и ќе одат по своето прво Светско првенство. Ќе го гледам мечот од болницата и ќе навивам за секој од вас. Многу среќа“, напиша Пеле на „Твитер“.
Додека фановите стравуваат за состојбата на 82-годишниот Пеле, ќерка му Кели Насименто ветува дека тој ќе се врати во својот дом набргу.
„Пеле е болен, стар, но не сме до крајот. Во овој момент тој е хоспитализиран со инфекција на белите дробови и кога ќе биде подобро, ќе се вратиме дома. Не сме во болница да се збогуваме“, вели Кели Насименто.
Em 1958, eu caminhava pelas ruas pensando em cumprir a promessa que fiz ao meu pai. Sei que hoje muitos fizeram promessas parecidas e também vão em busca da sua primeira Copa do Mundo.
Assistirei ao jogo do hospital e estarei torcendo muito por cada um de vocês. Boa sorte! 🇧🇷 pic.twitter.com/3CRI8v6H55
— Pelé (@Pele) December 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал за Каиседо подготви 85 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал подготвува понуда од 85 милиони евра со цел до крајот на овој месец да го доведе играчот за врска Моисес Каиседо од Брајтон. Претходно англиските медиуми пишуваа дека Арсенал испратил прва понуда која била одбиена, но сега очигледно решиле да се обидат и со нова, зголемена сума.
Брајтон одолева на „нападите“ за Каиседо, со оглед дека за него интерес појавуваат и Челси и Тотенхем, но прашање е дали ќе биде така и со новата понуда на „топчиите“.
Претходно Арсенал успеа да го доведе и Леандро Тросар од редовите на Брајтон.
Спорт
Евертон ќе го именува Шон Дајш за нов менаџер

Англискиот стручњак Шон Дајш ќе биде новиот менаџер на Евертон, кому му претстои тешка битка за опстанок во Премиерлигата. Откако му се заблагодарија на Френк Лампард за соработката, челниците на Евертон почнаа да бараат негов наследник.
Нивниот прв избор беше Марсело Биелса, но според островските медиуми не постигнале договор со поранешниот тренер на Лидс, па се насочиле кон други решенија.
Одлуката е донесена, Дајш до крајот на денот треба да биде именуван на клупата на славниот англиски клуб.
Дајш го водеше Барнли од клупата во изминатите десет години, а беше и на кормилото на Вотфорд.
Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфинале на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.