Контакт

Спорт

Пеле повторно на интензивна нега

Објавено пред

Бразилската фудбалска легенда Пеле повторно е на одделот за интензивна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло, објави „ЕСПН Бразил“.

80-годишниот Пеле си замина од болницата во вторникот по успешната операција за отстранување на тумор во дебелото црево, а од болницата официјално објавија дека немаат коментар.

Откако си замина од болницата оваа недела, Пеле преку социјалните мрежи порача дека е подготвен за „90 минути и продолженија“, но ова е последен во низата здравствени проблеми за легендата. Тој одамна не може да оди поради операција на колкот, а последите години беше и на операции за бубрезите и простатата.

Пеле е трикратен освојувач на Светското првенство со Бразил (1958, 1962 и 1970) и уште е најдобар стрелец на „селесао“ со 77 гола во 92 меча.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Вемби го замолкна Минеаполис, Њујорк победија во Филаделфија

Објавено пред

Сан Антонио ги врати брејот против Минесота, а Њујорк и трет пат ја победи Филаделфија во НБА плеј офот.

Сан Антонио Спарс ги победија Минесота Тимбервулвс со 115:108 и поведоа со 2-1 во серијата од второто коло од плејофот. Виктор Вембањама повторно го воодушеви кошаркарскиот свет, постигнувајќи 39 поени, со 15 скока и пет блокади.

Вембањама шутираше импресивни 13 од 18 од поле и 10 од 12 од линијата за слободни фрлања, доминирајќи на двете страни од теренот.

Спарс направија пресврт во третата четвртина, со одличниот шут за три поени.

Ентони Едвардс се истакна за Минесота со 32 поени и 14 скока, Наз Рид со 18 поени и 9 скока, додека Вемби најдобро го следеа Диерон Фокс со 17 поени и Стефон Касл, кој запиша 13 поени и 12 асистенции.

Њујорк Никс победија во Филаделфија со 108:94 и поведоа со 3-0 во полуфиналето на Источната конференција.

Џејлен Бренсон постигна 33 поени и ги постигна клучните поени во последниот период.

По лошиот почеток (2 од 8 од поле), тој одигра брилијантно во остатокот од натпреварот, завршувајќи со 11 од 22 шута за 38 минути, водејќи ги Никс до нивната шеста победа по ред во плејофот.

На крајот, ветераните на Универзитетот Виланова, Бренсон, Џош Харт и Микал Бриџис, ја презедоа контролата врз натпреварот, претворајќи ја предноста од четири поени во убедливо двоцифрено водство.

Харт имаше 12 поени и 11 скока, додека Бриџис додаде 23 поени за да ги предводи Никс до нивниот втор последователен настап во финалето на конференцијата.

За Сиксерс, Џоел Ембиид се врати откако го пропушти вториот натпревар поради повреда на глуждот и болка во колкот и постигна 18 поени.

Сепак, обидите на Ембиид, Тајрис Макси и останатите од тимот да се вратат во серијата не беа доволни, особено откако испуштија предност од 12 поени во првата четвртина.

Кели Убре постигна 22 поени, додека Макси додаде 17, но Пол Џорџ беше без поени по првите 15 поени и ги промаши сите девет шутеви до крајот на натпреварот.

Foto/ Profimedia

Прикажи повеќе...

Спорт

Меси ги издвои фаворитите за освојување на Светското првенство

Објавено пред

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, зборуваше за фаворитите пред претстојното Светско првенство и рече дека „гаучосите“ нема да имаат лесна работа во одбраната на титулата освоена во Катар во 2022 година.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња посочи неколку селекции кои, според него, го чекаат турнирот во одлична форма и со реални шанси да стигнат до трофејот.

„Мора да разбереме дека освен нас има и други фаворити кои доаѓаат на турнирот во добра форма. Франција е повторно многу силна и има многу играчи од врвно ниво“, рече Меси и продолжи:

„Тука се и Шпанија и Бразил. Иако Бразил не играше најдобро некое време, тие секогаш се кандидат за освојување на титулата. Мислам дека и Португалија има многу конкурентен тим.“

Претстојното Светско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Турнирот ќе го отвори репрезентацијата на Мексико против Јужна Африка на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, додека финалето е закажано за 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Милан во преговори со Алаба

Објавено пред

Милан започна преговори со пменаџерот, Пини Захави за евентуален трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба.

Договорот на австрискиот интернационалец истекува на крајот од сезоната и тој ќе го напушти кубот без обесштетување, откако Реал не му понуди нов договор.

Челниците на Милан се сретнале со Захави во просториите на клубот. Разговарале за евентуалните засилувања. Милан покрај Алаба е заинтересиран за уште еден клиебн на Захави, напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.

Како што сега стојат работите Полјакот нема да се пресели во Милано, поради висиките финансиски барања.

Алаба се смета за играч кој, со своето искуство и квалитет, би можел значително да ја зајакне одбраната на Милан. Разноврсноста е една од неговите главни предности, бидејќи може да игра како централен бек, лев бек и дефанзивен играч од средниот ред.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

(Видео) Без тенкови на Црвениот плоштад: поинаква Парада на победата во Москва

Русија денеска со воени паради и државни церемонии го одбележува Денот на победата над фашизмот, а централниот настан традиционално се...

Македонија43 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен на нови национални отстапки и...

Спорт46 минути

(Видео) Вемби го замолкна Минеаполис, Њујорк победија во Филаделфија

Сан Антонио ги врати брејот против Минесота, а Њујорк и трет пат ја победи Филаделфија во НБА плеј офот. Сан...

Македонија52 минути

СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа

Опозициската СДСМ вели дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад. „ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот...

Спорт1 час

Меси ги издвои фаворитите за освојување на Светското првенство

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, зборуваше за фаворитите пред претстојното Светско првенство и рече дека „гаучосите“ нема да имаат...

Свет2 часа

ЦИА: Иран може да ја издржи поморската блокада до крајот на летото

Најновиот извештај на американското разузнавање предупредува дека Иран има капацитет да ја издржи поморската блокада со месеци, без да почувствува...

Свет2 часа

Вашингтон во исчекување на одговорот од Техеран, додека тензиите во Ормутскиот теснец растат

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека очекува официјален одговор од Иран во врска со најновиот американски предлог...

Спорт2 часа

Милан во преговори со Алаба

Милан започна преговори со пменаџерот, Пини Захави за евентуален трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба. Договорот на австрискиот...

Економија2 часа

Економската цена на војната: граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

Војната со Иран почна директно да го удира џебот на потрошувачите и во развиените економии, принудувајќи ги домаќинствата да ги...