Спорт
Перез: Пред 20 години дојдов да го спасам Реал, сега сум тука да го спасам фудбалот
Првиот човек на Реал и Мадрид и новоформираната Суперлига, Флорентино Перез, проговори за судирот помеѓу УЕФА и 12 клубови кои ја основаа новата лига.
На почетокот Перез ја коментирал најавата дека клубовите кои се во Суперлигата (Реал, Манчестер сити, Челси), можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите и титулата да им биде доделена на ПСЖ.
„100 отсто сум сигурен дека Реал, Манчестер сити и Челси нема да бидат исфрлени. Тоа не е можно“, рекол Перез.
Тој исто така рекол дека никој на фудбалерите нема да им забрани да играат за своите репрезентации. Перез тврди дека и соработката со УЕФА не е завршена.
„УЕФА го држи монополот, тука треба да има повеќе транспарентност. Сакаме да го сочуваме фудбалот и во наредните 20 години, а живееме во време кога фудбалот е под сериозна закана. Во 2000 година дојдов во Реал да го спасам клубот, денес сум тука да го спасам фудбалот. Со Суперлигата ќе заработуваме многу повеќе. Ако победиш во УЕФА натпреварување добиваш 120, 130 милиони евра. Со Суперлигата ќе заработуваме многу повеќе. Ние, како што истакнавме во соопштението, ќе разговараме со УЕФА. Мораме да разговараме за тие пет места слободни места во Суперлигата. УЕФА работеше на новиот формат во Лигата на шампионите, кој за мене, да бидам искрен, е неразбирлив. Сакаме да го спасиме фудбалот. Главна атракција се натпреварите на големите клубови. Фудбалот е како пирамида. Оние кои ќе заработуваат најмногу, ќе можат да купуваат играчи за повеќе пари, значи дека и другите ќе заработуваат повеќе“.
На крајот рекол дека Суперлигата нема целосно да биде затворена.
„Ова нема да биде затворена лига. Секој ќе има шанса да ги пополни тие преостанати пет места“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.