Спорт
„Петарда“ за Сасуоло во Бергамо, Наполи доминантен во Сардинија

Аталанта во Бергамо со 5-1 го совлада тимот на Сасуоло во рамки на 15-тото коло во Серија А, прво коло во новата 2021 година.
Пулените на Гасперини не му оставија ниту минимална шанса на гостинскиот тим да се надева на изненадување.
Стрелци на головите за Аталанта беа Запата во 11 и 49, Песина во 45, Госенс во 57 и Муриел во 68 минута. Единствениот погодок за Сасуоло беше дело на Чиричес во 75 минута.
Во Сардинија, Калјари доживеа тежок домашен пораз од Наполи во чиј состав во 77 минута во игра влезе македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Зиелински донесе водство за клубот од Неапол во 25 минута, но Калјари израмни преку Жоао Педро во 60 минута.
Зиелински во 62 минута погоди по вторпат за 1-2, а предноста на Наполи ја зголеми Лозано во 74 минута. Конечните 1-4 за Наполи беа дело на Инсиње од пенал, во 86 минута.
На останатите мечеви во Серија во терминот од 15 часот постигнати се овие резултати:
Рома – Сампдорија 1-0
Фиорентина – Болоња 0-0
Џенова – Лацио 1-1
Парма – Торино 0-3
Специја – Верона 0-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Раџа го спореди Дончиќ со Бодирога: Тоа се играчи со мади.а!

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раџа ги прокоментира игрите на словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ во НБА лигата.
„Знаев дека ќе биде добар, но не толку рано. Ова момче рано покажа дека е многу зрел. Неверојатно е талентиран, многу работи, има добри чекори затоа што прво играше за јуниорите на Реал Мадрид, па за сениорите, освојуваше трофеи. Не очекував дека толку добро ќе одигра во неговата прва сезона“ нагласи Раџа.
Хрватот го спореди Дончиќ до екс-српскиот кошаркар, Дејан Бодирога.
„Ме потсетува на Бодирога. Тој беше играч со големи мади.а и неверојатен талент“ нагласи Раџа.
Прославениот кошаркар истакнува дека НБА лигата сега е поинаква за разлика од времето кога тој отиде да го оствари својот „американски сон“.
„Беше тешко кога ние доаѓавме во лигата. Кога Лука дојде во Далас му ги дадоа клучевите од градот, мене ми дадоа дресови да однесам на перење. Дивац, Сабонис, Дражен, Тони и јас бевме пионери и тешко е да се разгази патот“ вели Раџа.
Спорт
Короната прави масакр во Бенфика, дури 17 заразени од вирусот

Португалскиот фудбалски клуб Бенфика денеска објави дека има дури 17 заразени со коронавирусот во клубот, што играчи, што членови од стручниот штаб, но и клупски работници.
Од клубот напоменаа дека се консултирале со локалното Министерство за здравство во врска со тоа како да постапат во интерес на здравјето на играчите. Основното прашање е дали клубот треба да игра мечеви во следните две недели или и здравите играчи треба да одат во изолација.
Бенфика во моментов е третопласирана во португалскиот шампионат со 32 бода, колку има и второпласираниот Порто. Лидер на табелата е Спортинг Лисабон со 36 бода.
Бенфика утре треба да игра полуфинале во Лига купот против Брага.
Спорт
Зидан за Јовиќ: Не е секогаш виновен тренерот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, во пресерт на куп натпреварот со Алкојан, одговарал на новинарски прашња, меѓу кои најбројни биле оние поврзани со Лука Јовиќ.
Српскиот репрезентативец по 18 месеци се пресели на позајмица во поранешниот клуб Ајнтрахт и веднаш блесна на дебито. Тој постигна два гола во победата на Анјтрахт над Шалке од 3:1. жжЈовиќ за 32 минути во дресот на Ајнтрахт постигна два гола, учинок кој го имаше во Реал но на 32 натпревари.
„Секогаш прв вината ја барам кај себе…Лесно е да се каже дека тренерот е виновен. Мадрид е тежок, тоа го вкусив како играч. Постојат моменти кога фудбалерите мора да докажат дека се достојни да играат во Реал, а постојат и фудбалери кои тоа го покажуваат дури откако ќе заминат на позајмица. Таков е случајот со Лука, јас сум среќен што го купивме. Ги сакам сите мои играчи, среќен сум што ги имам. Јовиќ има иднина и може да биде во Реал, тоа важи за секој наш играч“, рекол Зидан и дополнил.
„Сепак, немојте да заборавите дека не е исто да се настапува за Реал и за некој друг клуб. Во Реал постои силна конкуренција, тоа секогаш е така, а за тоа не е виновен тренерот“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира