Спорт
Пике суспендиран, му се заканувал на судија
Џерар Пике доби двомесечна суспензија откако вербално му се заканил на судијата по натпреварот помеѓу Андора и Албасете.
Поранешниот играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, денес косопственик на Андора, реагирал бурно по поразот на неговиот тим од 1:0, а судијата Алонсо де Ена Волф ги внесе неговите навреди во официјалниот извештај.
Според арбитарот, Пике му рекол: „Движи се со придружба за никој да не те нападне“, како и: „Во друга земја би те претепале, но тука во Андора сме цивилизирани“.
Дисциплинската комисија на Шпанската федерација го казни за „јавно однесување што го нарушува спортското достоинство и углед“.
Во инцидентот биле вклучени и други членови на Андора – претседателот на клубот Феран Виласека беше суспендиран четири месеци, додека казна доби и спортскиот директор Хауме Ногес.
Андора моментално е на 10-то место во втората шпанска лига.
За време на својата кариера, Пике освои девет титули во шпанското првенство и три титули во Лигата на шампионите со Барселона, како и Светското и Европското првенство со шпанската репрезентација.
Foto/ Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чаби Алонсо ќе го преземе Челзи
Чаби Алонсо и се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак, по завршувањето на сезоната ќе стане нов менаџер на Челзи.
По краткиот и неуспешен престој во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак Чаби Алонсо реши да ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“.
Според англиските медиуми, Челзи и 44-годишникот напреднале далеку во преговорите и се очекува сè да биде завршено по денешниот натпревар од финалето на ФА Купот против Манчестер Сити.
Клупските челници сакаат што е можно поскоро да го официјализираат договорот за да можат да ја испланира новата сезона. Тоа веројатно ќе се случи, па Чаби кон крајот на денот може да стане нов менаџер на тимот од Лондон.
Алонсо пристигнува во Лондон по неуспешна епизода во Реал Мадрид. Тој беше отпуштен по само седум месеци во кралскиот клуб, но сигурно ова му дава уште поголема мотивација да ги покаже своите квалитети, кои ги покажа на врвен начин на клупата на Баер Леверкузен.
Foto/ Depositphotos
Спорт
ФИФА исфрли холандски судија од Светското првенство
ФИФА го отстрани холандскиот судија Роб Диперинк од својата листа на судии за претстојното Светско првенство, откако беше уапсен во Лондон во април под сомнение за сексуален напад врз малолетник. Иако лондонската полиција во меѓувреме ја прекина истрагата против него, светската фудбалска организација остана зад својата одлука.
Диперинк, кој требаше да служи како видео асистент судија (ВАР) на турнирот, се најде под истрага по пријавата во Лондон, но како што самиот рече во петокот, случајот беше затворен.
И покрај ова, ФИФА го потврди неговото бришење од листата.
„ФИФА може да потврди дека Роб Диперинк е отстранет од листата на судии за натпреварите од Светското првенство“.
Портпаролот на лондонската метрополитенска полиција, исто така, потврди дека „прагот на докази не е исполнет“ и дека „нема да се преземат понатамошни мерки“.
Во подетално соопштение, Метрополитенската полиција појасни:
„Во четврток, 9 април, полицајците одговорија на пријава за сексуален напад врз тинејџер, што се случил на Велсли Роуд, Кројдон. Маж на возраст од околу 30 години беше уапсен под сомнение за сексуален напад. Полицајците спроведоа темелна истрага и ги разгледаа сите достапни докази, вклучително и собирањето снимки од безбедносните камери и испитувањето на дигиталните уреди. По овие истраги, тие заклучија дека прагот на докази не е исполнет. Нема да се преземат понатамошни мерки.“
Во изјава за холандскиот весник „Де Телеграф“, Диперинк го изрази своето големо разочарување што го пропушти Светското првенство. „Многу сум тажен што бев погрешно обвинет“, рече тој. „Целосно соработував со полициската истрага и веднаш им дадов изјави на ФИФА, УЕФА и КНВБ.
Обвиненијата беа одбиени, а случајот беше отфрлен во рок од две недели по соодветна и темелна истрага од страна на полицијата. Благодарен сум за поддршката што ја добив од КНВБ и начинот на кој го водеа овој случај. Штета е што ФИФА одлучи да не ме именува за Светското првенство, секако дека сум разочаран поради тоа.“
Кралската холандска фудбалска асоцијација (КНВБ), која го вработува Диперинк, застана во негова одбрана. Тие нагласија дека секое обвинение за несоодветно однесување го сфаќаат „многу сериозно“, но исто така дека е важно на сите да им се даде можност да се одбранат.
Спорт
Сан Антонио ќе игра финале на Западот, Детроит на Истокот избори мајсторка
Сан Антонио Спас се пласираа во финалето на Западната конференција, откако ја добија серија против Минесота со 4-2, додека на Истокот, Детроит со победат во Килвленд избори мајсторка.
Сан Антонио ја прегаси Минесота во шестиот меч со 139:109. Мечот беше решен во третата четвртина кога Спарс дојдоа до предност од 36 поени.
Тимот од Тексас го одигра можеби најдобриот натпревар во плејофот, а херој на вечерта беше Стефон Касл со 32 поени и 11 скока.
Тој имаше одлична поддршка во Дирон Фокс, кој постигна 21 поен и девет асистенции, додека Дилан Харпер додаде 15 поени од клупата.
Францускиот центар Виктор Вембањама забележа 19 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади.
Кошаркарите на Детроит победија во Кливленд со 115:94 и ја изедначија серијата на 3:3, па во седмиот натпревар ќе одлучат кој ќе продолжи понатаму.
Како и во претходната рунда, Пистонс беа на работ на елиминација, но успеаја да се издигнат и ќе се обидат да стигнат до финалето на Источната конференција на свој паркет.
Кога беше најтешко, Детроит потсети зошто го заврши регуларниот дел прв во табелата и речиси рутински го прелета Кливленд на гостински терен.
Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 21 поен, Рид имаше 17, Џенкинс и Дурен имаа по 15 поени. .
На другата страна, Џејмс Харден броеше до 23, Донован Мичел помогна со 18 поени, колку што постигна и Еван Мобли.
