Контакт

Спорт

Пирло: Вечерва против Интер мора нешто да промениме!

Објавено пред

Во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија, вечерва, од 20.45 часот на „Џузепе Меаца“, се состануваат Интер и Јувентус. Тренерот на гостите, Андреа Пирло, најавува кадровски промени.

„Сакам да видам тим кој е свесен за својата сила. Првиот меч нема да е одлучувачки. Мора добро да ги распоредиме силите, мора нешто да промениме. Џанлуиџи Буфон ќе биде меѓу стативите, Арон Ремзи нема да игра поради повреда на мускулот. Оваа група играчи има амбиција константно да победува, а тоа е клучно кога се игра за голем клуб“ вели Пирло.

На 17 јануари Интер и Јуве играа меч од Серија А, а „неаѕурите“ славеа со 2-0.

„Научивме од тој пораз дека постојано мора да сме фокусирани. Кога не сме концентрирани, тогаш не сме Јувентус. Добро го познавам Интер, го знам и нивниот тренер. Добро се бранат и опасни се во контранападите“, рече тренерот на „бјанконерите“.

Јувентус е најуспешниот тим во историјата на Копа Италија со 13 трофеи. Интер има освоено 7.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Објавено пред

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.

На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА-играчите.

Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bolillo Lajan San (@shyne150)

Прикажи повеќе...

Спорт

Иванишевиќ: Новак може да паузира до сезоната на земја

Објавено пред

Горан Иванишевиќ, тренерот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, очекува Србинот да паузира цел месец до стартот на сезоната на земја за да се опорави од скинатиот стомачен мускул добиен при победата на Австралија опен.

Самиот Ѓоковиќ изјави дека ја влошил повредата со одлуката да продолжи да игра, и сега Иванишевиќ вели дека е реално да се очекува тој да паузира од тениските терени до април. Србинот се повреди во текот на третото коло против Американецот Тејлор Фриц, а и покрај најавите дека ќе се повлече, тој стигна до победа над Данил Медведев и 18-та гренд слем титула.

„Многу работи зависат од тоа како ќе тече опоравувањето, но мислам дека нема потреба да се брзаме. Единствен турнир до април на кој може да настапи може да биде Мајами, кој стартува на 24 март“, вели Иванишевиќ.

Сезоната на земја стартува на 5 април, а првиот Мастерс е во Монте Карло на 11 април.

Прикажи повеќе...

Спорт

И официјално по 27 години, Пирели си заминува од дресот на Интер

Објавено пред

Генералниот директор на Пирели, Марко Тронкети Провер потврди дека од следната сезона, славната италијанска компанија за производство на автомобилски гуми нема да биде на дресовите на Интер.

Пирели е спонзор на дресот на Интер последните 27 години, но тоа ќе се смени од сезоната 2021/22.

„Преговараме со Антонело, Марота и другите директори на Интер, но нема да бидеме спонзори на нивниот дрес од следната сезона. Сепак, врската со клубот ќе остане“, вели Тронкети Провер.

Откако газдите на Интер, „Сунинг“ минатата недела потврдија дека бараат „партнери“ за клубот, во Пирели не се грижат за иднината на „нераѕурите“.

„Фактите се тие – тие имаа финансиска инјекција и компанијата потврди дека е посветена на Интер. Затоа продолжуваат нормално да функционираат“, вели Тронкети Провер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија4 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија6 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија6 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион8 часа

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија9 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа10 часа

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет10 часа

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ11 час

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет12 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија13 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет22 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион23 часа

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија1 ден

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија1 ден

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија1 ден

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ1 ден

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија1 ден

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион1 ден

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет1 ден

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Досие