Контакт

Спорт

Пирло воздржан, Роналдо може да игра против Барса, вечерва нови резултати

Објавено пред

Фудбалерите на Јуве утре со почеток од 21 часот на својот терен во Торино го играат натпреварот од 2 коло од групата Г од Лигата на шампиони против Барселона.

Тренерот на Јувенстус, Андреа Пирло вели дека вечерва ќе бидат готови резултатите од корона-тестот на Кристијано Роналдо, па ке се знае дали Португалецот ја победил болеста. Сепак, италијанскиот стратег дециден дека и со негативен тест на првата ѕвезда во тимот не е сигурен дека Роналдо би бил во поставата.

„Мора да ги почекаме резултатите, мислам дека вечерва ќе стигнат. Прво тоа да го почекаме, па ќе видиме. Засега се е отворено“ – рече Пирло.

Италијанецот потврди дека за овој меч нема да може да смета на Киелини и Де Лихт, а неизвесен е и настапот на Бонучи – сите поради повреди.

„Ќе сметам на играчите кои ги имам на располагање, Барселона е силна, во составот има големи шампиони и мора да одиграме сјајно. Играчите ќе мора да се жртвуваат и да одиграат добар меч. Имам само 4 дефанзивци и со нив ќе играм“ вели Пирло.

Јувентус сезонава е непоразен, но освои само 9 бода од 5 средби во Серија, и тоа 3 од нив по службената победа против Наполи. „Старата дама“ киксираше против релативно слабите состави на Кротоне и Верона.

Барселона, пак, сезоната во ЛШ ја започна до 5-1 победа против Ференварош, но во Ла Лига има 2 порази, нагости кај Хетафе и минатосаботниот од Реал на свој терен.

„Веќе 15 години Роналдо и Меси прават големи работи, ова не е одлучувачки меч, но се радуваме што ќе може да покажеме колку вредиме. Меси и понатаму е во врвот, играв против него многупати како играч, а утре првпат како тренер“ рече Пирло.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мурињо остана без клучниот играч во одбраната

Објавено пред

Жозе Мурињо неколку седмици ќе биде без клучниот играч во одбраната, Тоби Алдервирелд.

Белгиецот се повреди во саботата, на дербито со Манчестер сити. Тотенхем славеше со 2:0 и се искачи на лидерската позиција во Премиер лигата. Менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, информираше дека Алдервирелд ги повредил препоните.

„Тоби е повреден, но за среќа повредата не е толку тешка како што стравуваме. Секако дека ова е лоша вест за нас, бидејќи играше во извонредна форма. Среќа за нас е што го имаме, како негова замена, Дејвисон Санчез“, рекол Мурињо.

Според прогнозите, Алдервирелд ќе отсуствува две до четири недели.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тридневна жалост во Аргентина

Објавено пред

Претседателот на Аргентина Алберто Фернандес прогласи тридневна жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Марадона, почина од срцев удар, во својот дом во Тигре, на 61-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја…за многумина е најдобриот во историјата на фудбалот.м

Во 1986 година на Аргентина и ја донесе светската титула, поради што во својата земја се стекна со статус на божество.

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛШ: Реал ги уништи надежите на Интер, Иличиќ и Аталанта се реваншираа на „Енфилд“

Објавено пред

Двата италијански клубови во акција во вечерните мечеви од Лигата на шампионите имаа сосема различна среќа – Интер загуби дома од Реал Мадрид со 0:2 за да си ги направи шансите за пласман во осминафиналето во доменот на теоријата, додека Аталанта му се реваншираше на Ливерпул, победувајќи ги на „Енфилд“ со 2:0.

Големото дерби на „Џузепе Меаца“ не ги оправда очекувањата, но сигурно „кралевите“ ќе бидат задоволни и со ваква победа. Тие дојдоа рано во водство со гол од пенал на Еден Азар, а Артуро Видал доби бизарен црвен картон до крајот на полувремето да ги постави Интер во незгодна позиција. Родриго во второто полувреме го реши мечот.

Откако дома загубија со 0:5 од Ливерпул, се очекуваше Аталанта да ја снајде слична судбина и на гостувањето, но наместо тоа добивме „нокаут“ во четири минути. Јосип Иличиќ, кој по подолга пауза поради депресијата се врати на фудбалот, во 60-тата минута доби одлична топка од капитенот Алехандро Гомез за 1:0, за Робин Госенс четири минути подоцна да се најде сам во шестнасетникот на „црвените“ за 2:0.

Со ова, ситуацијата во групата Д се искомпликува – Ливерпул уште се први со 9 поени, но сега Аталанта и Ајакс имаат по 7, откако „копјаниците“ со 3:1 го победија Митјиланд.

Актуелниот шампион, Баерн Минхен, немаше мака и со 3:1 го совлада Салцбург со головите на Роберт Левандовски и Лирој Сане (и еден автогол), за совршени 4-од-4 по четири меча и пласман во осминафиналето. Атлетико Мадрид пропуштија шанса да се одвојат, откако одигра само 0:0 против Локомотив Москва.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА А

Баерн Минхен – Ред бул Салцбург 3:1

Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 0:0

Табела: 1.Баерн М. 12, 2.Атлетико М. 5, 3.Локомотив М. 3, 4.РБ Салцбург 1

ГРУПА Б

Интер – Реал Мадрид 0:2

Табела: 1.Борусија М. 8, 2.Реал М. 7, 3.Шахтјор 4, 4.Интер 2

ГРУПА Ц

Марсеј – Порто 0:2

Табела: 1.Манчестер с. 12, 2.Порто 9, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 0

ГРУПА Д

Ајакс – Митјиланд 3:1

Ливерпул – Аталанта 0:2

Табела: 1.Ливерпул 9, 2.Ајакс 7, 3.Аталанта 7, 4.Митјиланд 0

ИНТЕР – РЕАЛ М.

ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА

БАЕРН МИНХЕН – РБ САЛЦБУРГ

АЈАКС – МИТЈИЛАНД

МАРСЕЈ – ПОРТО

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Меркел: Задолжителни маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет54 минути

Трамп одобри помилување на неговиот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија12 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија13 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија14 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет15 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен15 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија18 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија20 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија21 час

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура22 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа22 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет23 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија23 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион23 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа24 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет24 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет1 ден

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет1 ден

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Досие