Контакт

Спорт

Питино се врати во Панатинаикос

Објавено пред

Познатиот американски тренер Рик Питино се врати на клупата на Панатинаикос. Питино минатата сезона ги предводеше „зелените“, а од Атина замина во јуни оваа година. Питино доаѓа на местото на Аргирис Педулакис кој доби отказ откако ПАО испаднаа од Купот на Грција и доживеаја пораз од Алба во Атина, во Евролигата.

ПАО минатата сезона под палката на Питино го освоија Купот и шампионската титула во Грција. Неодамна Американецот договори соработка со Кошаркарскиот сојуз на Грција. Тој ќе ги предводи Грците во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.

Рик Питино 16 години го предводел универзитетот Луисвил, а осум години бил тренер на универзитетот Кентаки. Со двата универзитети ја освоил титулата во НЦАА лигата. Во НБА лигата работел во Њујорк Никс и Бостон Слетикс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Кристијано Роналдо е престар за врвен фудбал“

Објавено пред

„Знам дека му е тешко да признае, но уверен сум дека и понатаму може да биде значаен играч ако прифати дека така стојат работите“. Ова го изјави поранешниот напаѓач на Јувентус, Никола Аморусо, а сето тоа се однесува за Кристијано Роналдо.

Аморусо, кој од активното играње се прости во 2011 година, изјави дека Роналдо, кој има 34 години, е престар за елитен фудбал во Серија А.

Во разговор со новинарите во Италија, Аморусо рече дека Португалецот треба да ги дозира настапите и да ја чува силата.

„Роналдо со месеци влече по теренот. Би требало да биде скромен и да прифати дека е стар за фудбал и дека понекогаш е поважно да одмори отколку да игра по секоја цена. Знам дека му е тешко тоа да го признае, но и понатаму може да е значаен играч“, смета Аморусо.

Роналдо е несомнено еден од најдобрите светски фудбалери, но Португалецот подолг период не е на нивото на кое играше претходните години, особено додека беше во дресот на Реал Мадрид.

Сезонава CR7 одигра 16 меча во Серија А и ЛШ, на кои постигна 7 гола, од кои 6 во Калчолигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кулибали цел на Реал Мадрид

Објавено пред

Дефанзивецот на Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали, би можело набргу да ја промени средината. Медиумите на Апенините пренесуваат дека за неговите услуги е заинтересиран мадридски Реал, кој во корпулентниот играч од одбраната гледа замена за капитенот Серхио Рамос.

Шпанецот веќе има 33 години, а договорот со „кралевите“ му истекува за 2 години, па поради тоа, Реал се впушта во лов на одличен стопер, кој ќе биде столб во одбраната на кралскиот клуб.

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, неодамна спомена дека нема намера да се ослободи од услугите на Сенегалецот за помалку од 100 милиони евра. Неговата годишна плата во клубот од Неапол е 6 милиони евра.

Долго време Кулибали се споменуваше и со Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ се решија за Хари Мегвајр, за кого на Лестер Сити му платија 87 милиони евра.

Доколку Реал реши да го одврзе ќесето, можно е Кулибали да стане најскапито дефанзивец во светот на фудбалот, по Мегвајр и Ван Дајк.

Прикажи повеќе...

Спорт

Венгер: Дајте монитори и покрај терените во Премиер лигата, им требаат!

Објавено пред

Ексменаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, апелира до челниците на Премиер лигата да дозволи употреба на монитори при прегледувањето на ВАР-снимките покрај теренот. Шефот на судиската организација, Мајк Рајли, се противи на поставувањето монитори оти смета дека со тоа дополнително би се продолжувале мечевите.

Тоа е во спротивност со упатствата на УЕФА.

„На судиите им треба монитор да проверат дали при носењето на одлуката се во право или не. Не треба да се заборави дека системот постои да им помогне на арбитрите, така што судиите од ВАР-собата не се единствените што носат одлука. Тие треба само да помогнат, тоа е голема грижа“, рече Венгер на состанокот на директорите на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) во Белфаст.

На 140 меча во Премиер лигата оваа сезона судиите не можеа да ја проверат својата одлука. Французинот вели дека тоа е лоша работа. Вели дека сака навивачите одлуката од ВАР да ја видат на големиот екран, без оглед што има технички проблеми.

Венгер смета дека системот е потребен затоа што во минатото сам се уверил во погрешни одлуки на судиите.

„Не заборавајте дека е ова само прва година од примената на ВАР, така што не е сè совршено. Приспсобувањето ќе оди постапно. Потребна е едукација за судиите да интервенираат во вистинските моменти“, рече Венгер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоечки член

Собраниската законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија48 минути

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа3 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија4 часа

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија4 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија6 часа

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Македонија8 часа

Исклучени телефоните во СЈО

Како опомена поради неплатен долг, телекомуникциски оператор им ги исклучи службените телефони на обвинителите, стручните соработници и другите вработени во...

Македонија8 часа

(Видео) Уставен суд ќе почека од парламентот да го толкува Законот за помилување

На денешната седница уставните судии ја одложија точката за нацрт-решението за одлучување за поништувањето на помилувањата кои ги даде експретседателот...

Регион8 часа

(Видео) Во Драч со експлозија урната зграда оштетена од земјотресот

Со контролирана експлозија срушена е шесткатна зграда што се сметала за објект под закана од уривање по земјотресот од 6,4...

Македонија8 часа

Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“ и ги кани на средба

„Со целосна почит за исклучителната важност на темите што ги загрижуваат сите граѓани во земјата, особено оние од најпогодените градови,...

Свет9 часа

ОН: Идната година ќе биде потребна хуманитарна помош за рекордни 168 милиони луѓе

Хуманитарна помош ќе биде потребна за рекордни 168 милиони луѓе во 2020 година, или едно лице на 45 во светот,...

Македонија9 часа

Заев присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора

Премиерот Зоран Заев, кој ја предводи делегацијата на нашата земја на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон со кој се...

Свет9 часа

Почнува официјалната процедура за отповикување на Трамп

Конгресот на САД почнува со клучна фаза на почнување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводните обиди...

Свет9 часа

Вандали осквернавиле 107 гробови во близината на Стразбур

Вкупно 107 гробови се осквернавени на еврејските гробишта кај Стразбур, во близина на француската граница со Германија, соопштија локалните власти,...

Македонија9 часа

Брисел: Нема промена на правилата за земјите коишто се во процес на преговори

Правилата за земјите коишто се во преговори не можат да се менуваат во средина на играта, но решенијата мора да...

Македонија10 часа

Британскиот министер за одбрана ѝ порача на Шекеринска: Добре дојдовте во НАТО

„Добре дојдовте во НАТО“, ѝ порача британскиот министер за одбрана, Бен Валас, на министерката Шекеринска на средбата во Лондон. Средбата...

Македонија20 часа

Македонец со пасошот на сопругата сакал да ја внесе љубовницата во САД

Македонски државјанин, кој мигрирал во САД, го искористил пасошот на својата сопруга за да ја внесе љубовницата, исто така Македонка,...

Македонија23 часа

Заев му подари македонско вино на Столтенберг

Премиерот Зоран Заев, кој учествува на состанокот на НАТО во Лондон, му подари македонско вино на генералниот секретар на алијансата,...

Свет1 ден

Путин: Проширувањето на НАТО е закана за Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека проширувањето на НАТО претставува закана за безбедноста на Русија, но рече дека се надева...

Досие