Спорт
Пјонтек со два гола ги „потопи“ Унион во берлинското дерби

Унион Берлин пропуштија шанса да се искачат на третото место на табелата во Бундеслигата, откако не го заддржаа водството со играч помалку и загубија со 3:1 во градското дерби против Херта Берлин.
Таиво Авонији им донесе водство на Унион во 20-тата минута, но само четири минути подоцна тие останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Роберт Андрич. Херта израмни преку Петар Пекарик во 51. минута, пред Кшиштоф Пјонтек со два гола за три минути (74. и 77. минута) да донесе три поени за „старата дама“.
Унион остануваат на шестото место на табелата со 16 поени, додека Херта се искачи на 11. место со 11 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер со голема победа во Москва, Барса без проблеми со Звезда

Јан Весели имаше 24 поени и 6 скока за да ги предводи Фенербахче до голема 89:83 победа на гости кај ЦСКА Москва за тимот на Игор Кокошков конечно да влезе во форма и да го подобри скорот во Евролигата на 11-10.
Нандо де Коло додаде 22 поени, 9 асистенци и 4 скока против својот поранешен клуб со кој двапати беше шампион во Евролигата, а Џерел Еди имаше 17 поени во битката на два од последните три шампиони од Евролигата.
Фенер ја презеде контролата во третата четвртина со 54:50 водство, но „Армејците“ одговорија бргу за да останат на 66:63 пред последната четвртина, но не можеа да направаат пресврт. Торнике Шенгелија заврши со 18 поени и 4 асистенции, а Никола Милутинов, Даниел Хекет и Јанис Стрелникс имаа по 12 поени за ЦСКА, кои сега имаат 15-6 скор.
Барселона го израмни скорот на ЦСКА (15-6) со 72:60 победа над Црвена звезда, откако Кори Хигинс имаше 14 поени, а Пјер Ориола додаде 12 поени за Каталонците. За Звезда, само Огњен Добриќ имаше двоцифрен број на поени (11). Звезда има 7-14 скор, колку што имаат и Панатинаикос, Алба Берлин и Асвел.
ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО
ЦСКА Москва – Фенербахче 83:89 (21:15, 17:23, 28:25, 17:26)
Црвена звезда – Барселона 60:72 (11:21, 20:14, 14:22, 15:15)
Жалгирис – Олимпијакос 81:79 (26:20; 19:24, 18:16, 18:19)
Спорт
Мурињо: Ливерпул застана на 68, тешко дека некој ќе ги стигне Челси со 86

Жозе Мурињо признава дека ќе треба да се склопи навистина посебен тим за да го сруши неговиот рекорд од 86 домашни натпревари без пораз во Премиер лигата, поставен од Челси од 2004 до 2008 година.
Ливерпул имаше фантастична домашна серија на „Енфилд“ која вчера заврши со 1:0 пораз од Барнли, вклучувајќи 68 натпревари без пораз. Челси, пак, не загубија на „Стемфорд Бриџ“ од февруари 2004 до октомври 2008, низа која покри повеќе од првиот престој на Мурињо во клубот. Аврам Грант беше тренер на Челси кога тие загубија од Ливерпул дома, додека Мурињо првиот домашен пораз во Премиер лигата го имаше во април 2014 од Сандерленд, во вториот период како тренер на клубот.
„Рекордите се тука да се рушат, дури и најневеројатните во многу спортови. Има рекорди кои кога ќе ги погледнеш мислиш дека е невозможно некој да го повтори тоа. Тоа што Ливерпул успеа беше многу тешко за остварување. Нашиот рекорд со Челси останува рекорд и ќе биде тешко да се сруши. Честитки за Ливерпул за серијата“, изјави Мурињо, сега на чело на Тотенхем.
Спорт
Конор и Мејведер преговараат за втор меч вреден милијарда долари

Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер Јуниор веќе ги почнале „тајните“ преговори за сензационален ри-меч по спектаклот од 2017 година, кој би можел да донесе неверојатни милијарда долари.
Ова го тврди британскиот таблоид „Сан“, и иако честопати е посочуван како недоверлив извор, токму тие први ја објавија веста за првиот меч помеѓу Мекгрегор и Мејведер. УФЦ мегаѕвездата Мекгрегор ќе биде во октагонот во сабота против Дастин Поаире, додека Мејведер е официјално пензиониран по достигнувањето на 50-0 скорот, но во февруари ќе влезе во егзибициски меч против Јутјуберот Логан Пол.
За првиот меч, кој имаше 4.4 милиони купувања преку пеј-пер-вју само во САД, Мејведер заработи околу 280 милиони долари, а Мекгрегор 130 милиони долари, а сега би можеле да заработат уште повеќе ако се прифати понудата за римечот во Саудиска Арабија.
Инаку, првиот меч заврши со победа на Мејведер со технички нокаут во 10-тата рунда, иако „Ноториус“ изненади многумина во првите рунди. 43-годишниот Мејведер потоа изјави дека му „попуштал“ на Ирецот за да го заддржи интересот на публиката.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот