Спорт
По драматичниот меч на Венус, сестрите Вилијамс закажаа дуел во Рим
Венус Вилијамс ќе се судри со својата помлада сестра Серена во второто коло на оталијанскиот Опен во Рим откако избори тешка 7:5/3:6/7:6(4) победа над Елизе Мертенс.
Венус ја доби тесната борба во тај-брејк во третиот сет и покрај тоа што во еден момент од мечот освои пет гема во низа. Американската ветеранка ѝ дозволи на Бертенс да се врати во игра кога не искористи шест меч-поени на свој сервис во осмиот гем од третиот сет. Таа пропушти уште две меч-топки за Мертенс да израмни на 6:6 пред конечно да го добие мечот во тај-брејкот.
Претходно, Серена имаше победнички камбек на терените со лесна 6:4/6:2 победа над шведската квалификантка Ребека Петерсен. За 37-годишната Серена ова беше прв меч по победата над истата противничка во второто коло на Мајами опен во март пред да се повлече од турнирот поради повреда на коленото. Ова ќе биде прв дуел на двете сестри на земјена подлога по 17 години.
Кај мажите на „Форо Италико“, младиот Канаѓанец, Денис Шаповалов, стигна до 6:3/7:6(5) победа над Пабло Карењо Буста за да обезбеди дуел со шампионот од Мадрид, Новак Ѓоковиќ. Шаповалов на турнирот влезе со лоша низа од четири порази едноподруго.
Гаел Монфис, пак, се мачеше против Алберт Рамос-Вињолас не покажувајќи дел од играта со која стигна до четврт-финалето во Мадрид губејќи со 6:3/6:1 за само 61 минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ендика немал срцев удар, може повторно да игра
Еван Ендика колабираше на теренот на Фриули, но не беше ништо сериозно, па му беше дозволено да се врати на теренот.
Најпрво се чинеше дека играчот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има проблеми со срцето. Сепак, тоа не беше така, а тренерот Даниеле де Роси откри дека се работи за белите дробови.
– Тешко е да се справиме со моменталната белодробна инсуфициенција. За среќа, се се заврши добро. Нема проблем со срцето – од тоа првично се плашевме – изјави Де Роси.
Ендика бил пуштен од болница и можел да се врати на терен. Самиот натпревар помеѓу Удинезе и Рома беше прекинат во 70. минута при резултат 1:1.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024