Спорт
По поразот од Реал, тројца од „црвените“ цел на расисти!
Ливерпул синоќа со 3-1 беше поразен во Мадрид кај Реал во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Веднаш по мечот, тројца црномурни фудбалери од гостинскиот состав биле цел на расистички напади.
На „Инстаграм“ се огласија Трент-Александер-Арнолд, Наби Кеита и Садио Мане, а поединци во коментари им испратиле емотикони во форма на мајмуни.
Веста ја објави Sky Sports, а од социјалната мрежа „Фејсбук“, која е сопственик на „Инстаграм“, соопштија дека ќе истражат што точно се случило, а расистите ќе ги санкционираат.
Со соопштение се јавија и од фудбалскиот клуб Ливерпул:
„Уште еднаш, за жал, зборуваме за расно малтретирање утро по фудбалскиот меч. Тоа е крајно неприфатливо и мора да престане. Ливерпул осудува секаков облик на дискриминација и продолжува да соработува со нашите инклузиски партнери. Како клуб на нашите играчи ќе им ја дадеме комплетната поддршка што ќе им треба, а со властите ќе соработуваме за да ги идентификуваме одговорните“, се вели меѓу другото.
It is utterly unacceptable. It has to stop. pic.twitter.com/ij8qykJjqU
— Liverpool FC (@LFC) April 7, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.