Спорт
Почина Душан Ивковиќ
Прославениот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ, почина во Белград на 78-годишна возраст. Информацијата ја потврдил, претседателот на Раднички од Нов Белград, клубот во кој Ивковиќ ја започнал кариерата.
„Во шест часот и 50 минути, почина во болницата во Белград, од вода во белите дробови и херпес“, рекол Горан Калиниќ.
Ивковиќ е роден на 29.октомври 1943 година во Белград. Беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња и најуспешен селектор на југословенската репрезентација. Во кариерата три пат бил европски првак со репрезентацијата, во Загреб 1989, Рим 1991 и Атина 1995 година. Има светско злато од 1999 година и олимписко сребро од 1988 година.
Бил селектор на Србија од 2008 до 2013 година. Освоил сребро во 2009 година на европското првенство.
Тренрската кариера ја градел во Раднички, Партизан, Арис, Шибенка, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК Атина, ЦСКА Москва, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Два пати ја освоил Евролигата со Олимпијакос, има трофеи во Купот на Радивој Кораќ, Купот Рајмондо Сапорта, УЛЕБ купот. Иам трофеи во шампионатите на Југославија, Русија и Грција.
Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Обезбедувањето го спасило Мбапе од бесните играчи на Барселона
Шпанските медиуми пренесуваат дека по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кој ПСЖ победи гостувањето кај Барселона (4:1), Килијан Мбапе предизвикал сериозен инцидент.
Мбапе, кој веројатно ги игра последните натпревари за ПСЖ по натпреварт имал „блиска средаб“ со играчите на Барселона.
Според информациите на шпанските медиуми, Мбапе еуфорично ја прославил победата на ПСЖ извикувајќи: „ова е фудбал, ние зборуваме на теренот“, што некои играчи на Барселона го сфатиле како провокација.
Неколку луѓе од обезбедувањето и луѓето од двата клуба спречиле неколку играчи на Барса кои се упатиле кон Мбапе.
ПСЖ за финалето ќе игра против Борусија Дортмунд.
🚨 Ce geste de Kylian Mbappé aurait rendu furieux certains joueurs du Barça après le match.
Le Français aurait déclaré : « c’est le football et c’est sur le terrain qu’il faut parler. »
— BeFootball (@_BeFootball) April 18, 2024
Спорт
Познати сe полуфиналните термини во Лигата на шампионите
Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето, во Лигата на шампионите.
Познато е дека во полуфиналето ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд, односно Баерн Минхен и Реал.
Домаќини на првите натпревари ќе бидат германски клубови, додека реваншите ќе се играат на „Паркот на принцовите“ во Париз и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.
Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.
Финалето на Лигата на шампионите е на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Спорт
Де Роси ќе ја води Рома и следната сезона
Даниеле Де Роси и следната сезона ќе остане на клупата на Рома. Поранешниот капитен ги оправда очекувањата и на навивачите и на клупските челници.
Поранешниот италијански репрезентативец, функцијата ја презеде од Жозе Мурињо, кој доби отказ во јануари по поразот од Милан (1:3).
Де Роси ја донесе Рома на петтото место на табелата, кое според сегашната ситуација треба да го одведе тимот во Лигата на шампионите, бидејќи Италија во моментов води на УЕФА рангирањето на најдобрите клубови и со тоа би добила уште едно место во елитното европско клупско натпреварување.
Исто така, Рома е и во четвртфиналето на Лига Европа, каде со Милан се бори за место меѓу најдобрите четири екипи.
„По средбата со Даниеле Де Роси, можеме да кажеме дека ќе остане со нас и следната сезона. Тој донесе позитивни промени и сакаме да продолжиме по тој пат“, изјавија газдите на Рома, Американците Ден и Рајан Фридкин.