Спорт
Подготвени? Почнува ЕП во кошарка
По петгодишно чекање, во 13.30 часот со натпреварот Шпанија-Бугарија, ќе започне Европско првенство во кошарка. Евробаскетот ќе се одржи во пет држави: Германија, Италија, Унгарија, Чешка и Грузија.
Титулата шампион на Европа ја брани селекцијата на Словенија, која предводена од Лука Дончиќ повторно е меѓу главните фаворити за златото. Покрај Словенците меѓу фаворитите се Франција, Србија, Грција, Шпанија.
Група А: Тбилиси, Грузија
Белгија, Бугарија, Грузија, Шпанија, Турција
Распоред на натпреварите:
1.септември
13.30 часот: Шпанија – Бугарија
16.15: Турција – Црна Гора
19.00: Белгија – Грузија
3. септември
13.30: Црна Гора – Белгија
16.15: Бугарија – Турција
19.00: Грузија – Шпанија
4 септември
13.30: Бугарија – Црна Гора
16.15: Шпанија – Белгија
19.00: Турција – Грузија
6. септември
13.30: Белгија – Турција
16.15: Црна Гора – Шпанија
19.00: Грузија – Бугарија
7. септември
13.30: Турција – Шпанија
16.15: Бугарија – Белгија
19.00: Грузија – Црна Гора
Група Б: Келн, Германија
Литванија, БиХ, Унгарија, Словенија, Германија, Франција
Распоред на натпревари:
1. септември
14.30 часот: БиХ – Унгарија
17.15 : Словенија – Литванија
20.30: Франција – Германија
3. септември
14.: Германија – БиХ
17.45: Литванија – Франција
20.30: Унгарија – Словенија
4. септември
14.30: Литванија – Германија
17.45: Словенија – БиХ
20.30: Франција – Унгарија
6. септември
14.30: БиХ – Франција
17.15: Унгарија – Литванија
20.30: Германија – Словенија
7. септември
14:30: Литванија – БиХ
17.15: Франција – Словенија
20.30: Унгарија – Германија
Група Ц: Милано, Италија
Хрватска, Естонија, Велика Британија, Италија, Грција, Украина
2. септември
14.15 часот: Украина – Велика Британија
17.00: Хрватска – Грција
21.00: Италија – Естонија
3. септември
14.15: Велика Британија – Хрватска
17.00: Естонија – Украина
21.00: Грција – Италија
5. септември
14.15: Хрватска – Естонија
17.00: Велика Британија – Грција
21.00: Украина – Италија
6. септември
14.15: Естонија – Велика Британија
17.00: Грција – Украина
21.00 часот: Италија – Хрватска
8. септември
14.15: Хрватска – Украина
17.00: Естонија – Грција
21.00: Велика Британија – Италија
Група Д: Прага, Чешка
Србија, Чешка, Финска, Израел, Полска, Холандија
Распоред на натпревари:
2. септември
14.00 часот: Израел – Финска
17.30: Полска – Чешка
21.00: Србија – Холандија
3. септември
14.00: Финска – Полска
17.30 : Чешка – Србија
21.00: Холандија – Израел
5. септември
14.00 : Полска – Израел
17.30 : Чешка – Холандија
21.00: Србија – Финска
6. септември
14.00: Холандија – Полска
17.30: Финска – Чешка
21.00: Израел – Србија
8. септември
14.00: Финска – Холандија
17.30: Чешка – Израел
21.00 : Србија – Полска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.
Спорт
Надал елиминиран од Де Минор
Рафаел Надал го заврши својот настап во второто коло на турнирот во Барселона. Шпанецот во два сета загуби од Алекс Де Минор (5:7, 1:6).
Надал против Де Минор се држеше до финишот на првиот сет. Австралиецот во 11.гем направи брејк, а патоа и го освои сетот. Во вториот сет немаше никава неизвесност, Де Минор го прегази својот противник.
Тој ја забележа првата победа во дуелите со Надал на земјана подлога и втора во петтата меѓсебна пресметка со еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Де Минор во третото коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Даниел Алтмаер и Артур Фис.
На крајот публиката со овации го испрати Надал. Веројатно ова беше последен пат во кариерата да настапи на турнирот кој го освоил 12 пати.