Спорт
Погба потврди дека заминува од „Олд Трафорд“
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, потврди дека нема да ја продолжи соработката со славниот тим од „Олд Трафорд“ по истекот на неговиот договор. Тој како слободен играч ќе го напушти клубот.
Со ова соопштение заврши едно неуспешно поглавје историјата на Јунајтед. Клубот за Погба 2016 година плати 105 милиони евра и си заминува без обесштетување.
Пол Погба (29) постигна 39 гола на 226 натпревари во текот на неговите шест години играње за Манчестер. Тој го освои Лига купот во 2017 година и Лигата на Европа стата година, во сезоната 2018/2019. беше избран во идеалниот тим на Премиер лигата.
Ова беше втор мандат на Погба во Јунајтед – во помладите селекции на англискиот великан пристигна како 15-годишник во 2009 година, а потоа играше за тимот до 2012 година и запиша само седум натпревари во сениорската конкуренција пред да се пресели во Јувентус, каде целосно се афирмираше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси го прослави 35. роденден во „одбрано“ друштво на Ибица

Лионел Меси, живата легенда на светскиот фудбал, денеска го прослави својот 35. роденден, потсетувајќи дека е во последните години од неговата кариера. Местото на прослава беше посебно избрано, изнајмен хотел на островот Ибица во друштво на најблиските пријатели.
Откако беа посебни гости на свадбата на Жорди Алба, сопругата на Луис Суарез, Софија Балби сподели фотографија на социјалните мрежи каде што покрај двајцата поранешни соиграчи од Барселона беа и Цеск Фабрегас и неговата сопруга, како и сестрата на Балби, Марија Балби со нејзиниот партнер.
Меси и Фабрегас, кои се познаваат од деновите во кои беа дел од славната „Ла масија“ на Барселона, веќе неколку дена уживаат на Ибица, каде што од неодамна се приклучи уште еден поранешен фудбалер на Каталонците, Луис Суарез.
Спорт
Ледецки по петти пат златна на 800 метри, нов триумф за домашниот фаворит Милак!

Американката Кејти Ледецки победи и во својата четврта дисциплина на Светското првенство во пливање во Будимпешта, завршувајќи го настапот со своја петта последователна титула на 800 метри слободно, нешто што досега не успеало на ниту еден пливач.
Со време од 8:08.4, Ледецки беше за 10.73 секунди пред Австралијката Каја Мелвертон, за сега да ги има 27-те најдобри резултати во историјата на дисциплинта. Ова беше петто најбрзо во историјата. Со вкупно 19 освоени златни медали на СП, таа се одвои на второто место на вечната листа пред Рајан Лохти и заостанува само зад 26-те на Мајкл Фелпс.
Унгарецот Кристоф Милак, пак, повторно ја воодушеви домашната публика, победувајќи на 100 метри пеперутка со време од 50.14 секунди, победувајќи го Јапонецот Наоки Мизунума и Канаѓанецот Џош Лиено. Милак претходно во вторникот на 200 метри пеперутка стигна до златото со нов светски рекорд (1:50.34).
Швеѓанката Сара Сјестром, пак стигна до својот 18. медал на СП, победувајќи на 50 метри пеперутка, и може да стигне до 19-тото злато на 50 метри слободно, каде што е апсолутна фаворитка.
Спорт
Јунајтед не можат да комплетират трансфер, Глејзери си исплатија дивиденда

Семејството Глејзери, вклучувајќи ги извршните ко-претседатели Џоел и Аврам Глејзер добија 11 милиони фунти дивиденда од Манчестер јунајтед во петокот, навлекувајќи го бесот на независната навивачка група на клубот.
Исплатата доаѓа по најлошата сезона на „ѓаволите“ во Премиерлигата, која ја завршија на 6. место и не влегоа во Лигата на шампионите. Покрај тоа, иако му беа ветени средства за засилувања на новиот менаџер Ерик Тен Хаг, Јунајтед засега не успеаја да донесат ниту еден фудбалер, и се вклучени во игра на нерви со Барселона, околу Френки де Јонг.
Според Трастот на навивачи на Манчестер јунајтед (МУСТ), одлуката е „целосно неприфатливаа“.
„Денеска Глејзери ќе си платат голем дел од дивидендата од 11 милиони фунти на крајот на една од најлошите сезони во нашето сеќавање. Награда за неуспех е лоша практика за било кој бизнис, и целосно неприфатлива ако се земе состојбата на работите во Јунајтед. МУСТ постојано бара вклученост во одлуките на клубот, за да се слушне гласот на навивачите, но ова е непростливо. Ќе бараме одговори на директните состаноци“, се вели во објавата на МУСТ.
Јунајтед нема освоено трофеј од 2017 година, а за титула од Премиерлигата чекаат од 2013 година.