Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови
Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тинејџер на дебито, постигна гол по 14 секунди и го потврди местото на Ленс во ЛШ
Неверојатна фудбалска вечер во Ленс ја обележа тинејџерот Мезијан Соареш, го потврди пласманот на својот тим во Лигата на шампионите и воедно го испрати Нант во Лига 2.
Ленс го победи Нант со 1-0 во првиот натпревар од 32-то коло во Лига 1.
Екипата на Пјер Саж беше јасен фаворит, но не одеше се според планот, бидејќи до 79-та минута немаше голови.
Во 79-та минута, Мезијан Соареш, 16-годишен играч од средниот ред, доби шанса од својот тренер да дебитира во сениорскиот фудбал. Тинејџерот влезе на теренот и го реши натпреварот.
Му беа доволни 14 секубди да го совлада голманот на Нант.
Тинејџерот не само што дебитираше туку го постигна и првиот гол во профи кариерата.
Теоретски, неговиот гол за победа го остави Ленс во шампионската трка, бидејќи на две кола пред крајот се три бода зад ПСЖ, но и натпревар повеќе.
Инаку до крајот на сезоната Ленс ќе игра и во финалето на Купот.
Foto/ Profimedia
Спорт
Валенсија со уште еден брејк против ПАО, Фенер се пласира на завршниот турнир
Кошаркарите на Валенсија го шокираа Панатинаикос во вториот натпревар во Атина и ја вратија четвртфиналната серија дома. За разлика од Панатинаикос, Фенербахче, го победи Жачгирис во Каунас, ја доби серијата со 3:1 и се пласира на завршниот рурни каде ќе ја брани титулата.
Валенсија славеше победа од 89:86 во вториот натпревар во ОАКА Арената.
Со тоа, шпанскиот тим, надвор од сите прогнози, ги врати двата брејка на Панатинаикос од првите два натпревари и се избори за „мајсторка“, која е закажана за вторник, 12 мај.
Доколку го комплетираат пресвртот, Валенсија ќе стане вториот тим во историјата на Евролигата што се вратил од 0-2 во плејофот, прв откако Реал Мадрид го победи Партизан во 2023 година.
Валенсија и во овој натпревар влезе подобро, стакнаа оредност од 15 поени, но Панатинаикос успеа да се врати благодарение на Кендрик нан во третиот период. Зелените имаа и минимална предност, а Валенсија со две тројки, усоеа да влезе со предност во решавачкиот период.
Во средишницата од последната четвртина, Валенсија стекна предност од девет поени. Разликата остана иста и на 50 секунди до крајот, кога со две избрзани одлуки во нападот и техничката на Тејлор, ПАО се доближи на само два поени негатива.
Сепак целосен пресврт немаше, Костело погоди едно од двете слободни фрлања, а Хејс-Дејвис не успеа со шут од половина терен да избори продолженија.
Најдобар играч на Валенсија беше Монтеро со 29 поени, шест скока и седум асистенции. Ки додаде 12, а Тејлор 11 поени.
Кај ПАО се истакнаа Осман со 26 и Нан со 19 поени.
Кошаркарите на Фенербахче го победија Жалгирис со 94:90 по продолжение во уште еден незаборавен натпревар во Каунас и се пласираа на финалниот турнир, во Атина.
Со ова се формираше првиот полуфинален пар во Ф4, Фенер ќе игра против Олимпијакос, додека Реал го чека исходот од битката меѓу Панатинаикос и Валенсија.
По двете победи на Фенер во Истанбул, Литванците речиси возвратија со иста мера пред своите навивачи, но на две секунди пред крајот, ладнокрвниот Вејн Болдвин им ги расипа плановите со поени за нерешен резултат – и продолжение.
Во продолжението, гостите, предводени од Хортон-Такер и Берч, доминираа, стекнаа предност од осум поени во раната фаза од продолжението и го задржаа и покрај тројките на Франциско и Тубелис.
Кем Берч беше MВП на натпреварот со 21 поен и 13 скока, дефинитивно го одигра натпреварот на сезоната, супер атрактивниот Хортон-Такер даде 19, а Вејд Болдвин 14 поени.
Франциско беше напаѓачката тупаница на Литванците со 23 поени (5/12 за три) и 11 асистенции, Азулас Тубелис даде 16 поени, Едгарас Улановас 15, Дастин Слива 11…
На крајот, сепак, преовлада класата на триото Американци на Фенер.
Foto/ EPA
Спорт
Реал им изрече историска казна на Валверде и Чуамени
Фудбалерите на Реал Мадрид, Федерико Валверде и Орелијен Чуамени, беа казнети со по 500.000 евра од клубот за тепачка во соблекувалната.
По инцидентот, Уругваецот заврши во болница со повреда на главата, па нема да биде во составот за „Ел класико“, каде што Барса, со победа, би можела да ја потврди титулата.
Казната е доказ дека тепачка имало, дека Чуамени го нокаутирал Валверде и покрај тоа што Уругваецот, објави дека повредата ја добил кога удрил со главата во маса.
Ова што се случува сега е најмалиот проблем за клубот и Уругваецот… Пред најголемото дерби во Шпанија, ситуацијата во тимот е хаотична.
Во петокот, Реал го направи првиот чекор кон смирување на тензиите во соблекувалната и дисциплинирање на играчите со изрекување на најголемата казна во својата историјата.
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека, по настаните што доведоа до покренување на дисциплинска постапка вчера против нашите играчи Федерико Валверде и Орелијан Чуамени, двајцата се појавија денес пред истражното тело на клубот. Во таа прилика, играчите изразија длабоко жалење за она што се случи и се извинија еден на друг“, се вели во соопштението на Реал.
Освен казната, Реал не изрече никаков друг вид санкција за Французинот и Уругваецот, па двајцата технички ќе бидат на располагање на тренерот Арбелоа до крајот на сезоната. Во пракса, само Чуамени, а не Валверде, кој ќе биде надвор од теренот од 10 до 14 дена.
Foto/ EPA
