Спорт
Покетино: Што и да кажам за Меси, ќе бидам погрешно разбран

Тренерот на ПСЖ, Маурсио Покетино, не сака да зборува за можното ангажирање на Лионел Меси од страна на клубот, но не крие дека фудбалер со неговитe квалитети добро му дошол на неговиот тим.
Голема е веројатноста еден од најдобрите фудбалери во историјата, по завршувањето на сезоната, да ја напушти Барселона. ПСЖ е еден од клубовите со кои се поврзува Аргентинецот.
„Што и да кажам на оваа тема, ќе бидам погрешно разбран. Задоволен сум со фудбалерите што ги имам во тимот, но немам дилема дека врвни играчи, каков што е Меси, лесно можe да се вклопат во секој тим“, рекол Покетино за „Марка“.
Освен со ПСЖ, Меси се поврзува и со Манчестер сити. Во период кога сите клубови се соочуваат со финансиски проблеми, овие два клуба се единствените што може да ги исполнат неговите барања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ф1 и оваа година ќе се вози во Португалија

Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Португалија ќе се вози и оваа година. Според најновиот распоред, Португалија ќе биде третата трка во календарот. Викендот во Портимао ќе се одржи од 30.април до 2.мај. Минатата сезона Формула 1 дебитираше во Портимао.
Коронавирусот предизвикува организациски проблеми во календарот. Трката во Австралија, со која традиционално започнува сезоната, ќе се вози на 21.ноември, додека Големата награда на Кина нема да се вози и оваа година.
Сезоната во Формула 1 ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Бахреин. Трката на патеката „Сакир“, е прва од рекордните 23 трки што ќе се возат оваа година.
Спорт
НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

Девет напревари се одиграа во НБА лигата пред паузата поради Ол стар натпреварот, кој ќе се одигра во недела.
Во најдраматичниот натпревар, Милвоки победија во Мемфис со 112:111. Победникот го реши Џру Холидеј со поените постигнати на пет секунди до крајот на натпреварот. Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 26 поени и 11 скока, на спротивната страна најдобар беше Џа Морент со 35 поени.
Драматично беше и во Портланд, каде Демијан Лилард на својот тим му ја обезбеди победата над Сакраменто 123.119. Лилард 10 од своите 44 поени, постигна во последните три минути. Брилијантен меч за Портланд одигра и Енес Кантер (22 поени и 21 скок). 32 поени за Сакраменто постигна Диерон Фокс.
Вашингтон ја продлабочија кризата на ЛА Клиперс. Вашингтон победија 119:117, предводени од првиот стрелец во лигата Бредли Бил, кој постигна 33 поени, Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и 11 асистенции. Клипрс го запишаа шестиот пораз на последните 10 натпревари. Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 13 поени и исто толку скокови, а Каваи Ленард постигна 22 поени.
Четвртата победа во низа, Денвер Нагетс ја забележаа против Индијана Пејсерс. Нагетс победија 113:103. Мајкл Порттер јуниор го предводеше Денвер со 24 поени и 12 скокови, Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скокови и осум асистенции.
Резултати:
Бостон-Торонто 132:125
Вашингтон-ЛА Клиперс 119:117
Њујорк-Детроит 114:104
Индијана-Денвер 103:113
Мемфис-Милвоки 111:112
Њу Орлеанс-Мајами 93:103
Сан Антонио-Оклахома 102:107
Финикс-Голден стејт 120:98
Портланд-Сакраменто 123:119
Спорт
Историски неуспех на Ливерпул

По испишувањето на најславните страници во клупската историја, Јирген Клоп со Ливерпул сега ги пишува најсрамните страници во клупската историја.
Екипата, која во 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, потоа доминира во Премиер лигата, сега не знае да победи на домашен терен.
Ливерпул имаа една нестварна серија, 68 натпревари не беа поразени на „Енфилд“, а сега не може никого да победи на домашен терен.
„Црвените“ синоќа во дербито беа поразени од Челси (0:1). Ова е петти пораз по ред за Ливерпул, а вкупно седми на кој нема победа на „Енфилд“.
Последен пат Ливерпул како домаќини победил на 16 декември минатата година против Тотенхем (2:1).
По Тотенхем, играше нерешено со Манчестер јунајтед (0:0) и ВБА (1:1), а потоа влезе во серијата порази: Барнли (0:1), Брајтон (0:1), Манчестер сити (1:4), Евертон (0:2), Челси (0:1).
Катастрофалната низа Ливерпул има можност да ја прекине в недела кога ќе го пречека Фулам.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер