Спорт
Полицијата со водени топови ги растера навивачите на Хановер
Навивачите на германскиот второлигаш Хановер предизвикаа нереди на својот стадион, веднаш по враќањето на тимот од гостувањето кај Ајнтрахт во Брауншвајг, кој домаќинот го доби со резултат 1:0.
На фотографиите и видеата на социјалните мрежи може да се забележат навивачи како фрлаат разни пиротехнички средства преку оградата на стадионот.
Полицијата употреби водени топови за да ги растера гневните навивачи.
#Hannover96-Fans stellten Spieler nach #Derby-Niederlage bei Rückankunft in #Hannver am #Niedersachsenstadion zur Rede. #Polizei ging mit zwei Wasserwerfern gegen #H96-Fans vor. Fackeln & Böller flogen: #EBSH96 https://t.co/PG86V5UdSI pic.twitter.com/K4pMHih7hU
— Faszination Fankurve (@FasziFankurve) March 19, 2023
19.03.2023🇩🇪Braunschweig – Hannover 96 https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/WgWGjabzaq
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) March 19, 2023
Според весникот „Билд“, неколку играчи, главниот тренер Стефан Литл и спортскиот директор Маркус Ман, се приближиле до оградата за да разговараат со навивачите.
Хановер се наоѓа на 10. место во Цвајта. Овој клуб некогаш беше стабилен прволигаш, но од 2019 година е во Цвајта.
Pyro-Randale nach Derby-Pleite in #Braunschweig: #Hannover96-Anhänger wüten vor eigenem Stadion #EBSH96
➡️ https://t.co/CirxjKNzyY pic.twitter.com/E2rxcrJA3A
— Der SPORTBUZZER (@Sportbuzzer) March 19, 2023
Навивачите ги боли поразот во Браушвајнг, бидејќи тоа е најголемиот спортски ривал на Хановер. Браушвајнг победи со голот на Јанис Николау во 90. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.