Спорт
Попович: Кога ќе загубите меч не сте изненадени, разочарани сте!
Кошаркарската репрезентација на Франција со 83:76 денеска ја совлада селекцијата на САД на кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио.
Беше тоа лошо издание на Американците, со многу грешки и неефикасен напад. Избраниците на Грег Попович во третата четвртина постигнаа само 11 поени, но и покрај тоа, сепак имаа голема шанса за победа.
На 3:40 минути пред крајот Дурант и другарите поведоа со 74:67, но следуваше серија на Французите од 9:0, со која на влезот на последната минута дојдоа до 76:74.
Во следниот напад репрезентативците на САД имаа дури 4 шута, од нив три за три поени, два на Дурент и еден на Холидеј, додека еднаш под обрачот непрецизен беше Адебајо.
По мечот селекторот Грег Попович порача дека е разочаран, но не е изненаден.
„Кога ќе загубите натпревар, не сте изненадени. Разочарани сте. Не го разбирам зборот `изненаден`. Тоа не е чесно против Франција, како да сме требале да ги победиме 30 разлика. Франција е ѓаволски сјајна екипа. Немојте да се чудите поради овој пораз. Има многу сјајни тимови во светот, составени од НБА играчи. Јазот меѓу Америка и остатокот од светот се намалува секоја година“ рече Попович.
Инаку, денешниот е прв пораз за кошаркарската селекција на САД на Олимписки игри уште од далечната 2004 година, на Игрите во Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн извиси, Нагелсман ќе остане селектор на Германија
Јулијан Нагелсман нема да се врати во Баерн Минхен. Младиот тренер, потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Германија. Ќе остане селектор до Светското првенство во 2026 година.
Пропадна планот на Баерн Минхен дека Наглесман ќе се врати во клубот. Очигледно, Наглесман не го заборави начинот на кој беше избркан од клубот пред една година, од тогашните функционери Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.
Наследницуте на Салихамиџиќ и Кан, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, стапиле во контакт во тренерот и неговиот менаџер. Се извиниле за она што го направија нивните претходници, а по првиот состанок биле убедени дека Наглесман ќе се врати во Минхен. Сепак ги прецениле своите можности и ноќта на Фудбалскиот сојуз на Германија.
Клучен потег на челниците на Сојузот беше продолжувањето на договорот со директорот на репрезентацијата Руди Фелер. Ова беше знак за Нагелсман дека позитивната атмосфера нема да се промени. Фелер е големо име и она што е најважно не е човек на Баерн. Тој има одлични односи со Нагелсман и бил еден од клучните луѓе во преговорите околу новиот договор. Нагелсман на крајот се согласи да потпише двегодишен договор.
„Ова е одлука донесена од срце. Голема чест е да се биде тренер на репрезентацијата и најдобрите германски фудбалери. Со успешни и страсни изданија, имаме шанса да ја инспирираме целата нација. Победите против Франција и Холандија во март ни покажаа дека сме на вистинскиот пат. Бевме трогнати од ентузијазмот на навивачите за понатамошни предизвици како што е Светското првенство во 2026 година“, рече Нагелсман по потпишувањето на новиот договор.
Спорт
Дали Премиер лигата е најсилна во светот на фудбалот?
Сезоната 2023/2024 во европските купови стана вистински кошмар за клубовите од најсилната лига во светот, англиската Премиер лига.
Во завршницата, Премиер лигата има само еден тим. Честа на англиското фудбал ја брани Астон Вила и тоа во третото според ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Англија нема претставник во Лигата на шампионите, откако Манчестер сити и Арсенал беа елиминирани во средата, во четвртфиналето, а претходно Манчестер јунајтед и Њукасл испаднаа во фазата по групи.
Во елитното натпреварување Премиер лигата доживеа вистински дебакл, бидејќи англиските тимови освоија три титули во последните пет сезони.
Синоќа, во четвртфиналето сезоната во Лига Евопа ја завршија Ливерпул и Вест Хем. Во
За прв пат по девет години ниту, Англија нема полуфиналист во двете најсилни европски натпреварувања.
Честа на англискиот фудбал остана да ја брани Астон Вила. Клубот од Бирмингем во полуфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.