Контакт

Популарно

Три години од несреќата на Михаел Шумахер

Објавено пред

Пред точно три години, Михаел Шумахер, доживеа тешка несреќа во францускиот зимски центар Мерибел. Од тој момент па се до денес светската јавност добива малку информации за здравствената состојба на легендраниот формула 1 возач.

Семејството љубоморно ја чува приватноста, а она што смета дека трабда го сподели со јавноста го објавуа портпаролката на семејството Забине Кен, која редовно порачува дека има разбирање за јавноста која бара информации, но во исто време бара да се почитува приватноста на семејството.

Шумахер несреќата ја доживеа во Мерибел, додека скијал тој паднал и со главата удрил во камен. По несреќата веднаш е префрлен во клиниката во Гренобл, каде му е извршена операција, а потоа поради сериозноста на повредите тој шест месеци мина во вештачки предизвикана кома.

Неговата рехабилитација продолжи во швајцарска Лозана, а во септември минатата година е префрлен на домашна нега во семејниот дом во Гланд, Швајцарија.

Од моментот кога се случи несреќата неговите колеги, пријатели, навивачи…, не престана да испраќаат пораки со поддршка, а со него останаа и речиси сите спонзори. Сите тие не ја загубија надежта дека Шуми ќе ја добие најважната трка во својот живот.

Михаел Шумахер без сомнение е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, статистички секако е најдобриот.

Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултата, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).

Во текот на кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, а најголемите успеси ги постигна како возач на Скудерија Ферари.

Првите две титули ги освоил со Бенетон (1994, 1995), а апсолутна доминација оствари со Ферари, освојуваќи пет титули (2000-2004).

Од Формула 1 се повлече во 2006 година, но на патеките се врати во 2010 година во болидот на Мерцедес од каде замина во пензија по трката во Бразил во 2012 година.

Германецот во кариерата стартувал на 307 трки, забележал 91 победа, а вкупно 155 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Од пол позицијата стартувал 68 пати, а 77 пати го возел најбрзиот круг. Освоил вкупно 1.566 бодови, рекорд кој потоа го собори Фернандо Алонсо.

Го држи рекордот од 13 победи во една сезона, кој успеа да го израмни Себастијан Фетел.

Тој и Хуан Мануел Фанџо се едниствените кои освоиле пет шампионски титули во низа.

Иако на патеките покажуваше возачка луцидност и знаење, сепак неговата кариера не мина без инциденти кои вечно ќе се паметат.

До својата прва титула во 1994 година стигна откако на последната трка во Австралија од патеката го иструрка Дејмон Хил. Нешто слично се обиде да направи и во 1997 година, кога на трката во Херез се обиде да го истурка Жак Вилнев, но на крајот тој заврши надвор од патеката, а Вилнев ја освои титулата.

Поради тој инцидент подоцна ФИА му го одзеде второто место во вкупниот пласман, но резултатите постигнати таа сезона не му беа избришани.

Михаел Шумахер од 1995 година е оженет со Корина, има две деца Џина-Марија и Мика. Познат е по својата хуманитарна работа, на разни организации со својата работа им подарил десетици милиони долари. Беше и амбасадор на УНЕСКО и се бореше за безбедноста на возачите на патиштата.

И неговиот помлад брат Ралф возеше во Формула 1, интересно тие се единствените браќа кои ги освоиле првите две места на некоја трка (2001 во Канада), а потоа истото го повторија на уште четири трки. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Две главни премии „пежо 3008“ од Sport Life

Објавено пред

Новиот натпревар на Sport Life  – „Двојна шанса за Peugeot 3008”, на типувачите ќе им донесе две главни премии. Кои ќе бидат играчите коишто ќе ги возат двете СУВ возила од марката Пежо 3008, ќе видиме на крајот од натпреварот кој ќе се одвива од 26 март до 29 мај.

Главните премии се наменети за двајцата најдобри типувачи. Едното возило ќе го освои играчот со погоден најголем вкупен коефициент на тикет со натпревари од посебната акциска понуда, а другото возило е за играчот кој исто така ќе има најголем погоден вкупен коефициент, но од тикетите со еден промашен пар.

Оттука, играчите на Sport Life сега имаат двојна шанса за освојување на главната премија. Со погоден или со „промашен“ тикет можат да се натпреваруваат и да освојат нов СУВ – Пежо 3008.

Сè што е потребно е да се зачленети во СЛ клубот и да одиграат најмалку 4 натпревари од акциската понуда која ќе биде посебно означена под „Двојна шанса“ во билтенот и на вебсајтот на Sport Life. Минималната уплата на тикет е 20 денари, а максималната исплата на тикет е 10.000.000 денари. Притоа, важат само несистемските тикети, односно тикетите со една комбинација. Со тикетите од овој натпревар (со натпреварите од посебната акциска понуда) се добиваат и поени за Типстер купот и право на другите програми на СЛ клубот, како Втора кеш шанса, Поени за СЛ Маркет и Поени за лојалност.

За сите подетални информации за натпреварот може да се информирате на следниот ЛИНК и на вебсајтот на Sport Life, каде што ќе биде истакната редовно ранг-листата на најдобрите натпреварувачи.

Прикажи повеќе...

Популарно

Поранешен олимписки вицешампион шверцувал 650 килограми кокаин

Објавено пред

Поранешниот двоен освојувач на олимписки сребрен медал Нејтан Бегели е прогласен за виновен за шверц на кокаин вреден 150 милиони долари во Австралија.

Покрај 45-годишниот поранешен кајакар, осуден е и неговиот помлад брат Дру.

Тие се осудени за обид за увоз на 650 килограми кокаин во Австралија во текот на 2018 година.

Казните ќе им бидат дополнително утврдени.

Нејтан Бегели освои две сребрени медали на Олимписките игри во Атина 2004 година, а исто така е и трикратен светски шампион.

Неговата кариера беше обележана со скандали, бидејќи тој беше позитивен на стероиди во 2005 година, а беше и во затвор, исто така со неговиот брат, за неговата вмешаност во група која произведувала дрога.

Прикажи повеќе...

Популарно

Со „лаки бонусот“ на „Спорт лајф“ до добивка од 10.000 евра

Објавено пред

Вчерашниот ден беше неверојатен за прогнозерите во „Спорт лајф“ – Дебар Маало и Аеродром, a како резултат на освоениот фантастичен „Лаки бонус 888“ на добивката, кој може да достигне од 8% до 888% во зависност од бројот на одиграните натпревари на еден тикет, со квоти од 1.30 или поголеми.

Прогнозерот во „Спорт лајф“ во скопско Дебар Маало, кој уплатил 100 денари на тикетoт, со 18 погодени парови заработил дури 731.611 денари, со фатен бонус од 88%. Така, добивката му била удвоена со износот на бонусот од 342.456 денари. За нето добивка од над 10.000 евра овој прогнозер на тикетот одиграл игри од фудбалски натпревари од Јужна Америка, од Лига Европа, од тениски мечеви и од кошаркарската НБА-лига.

Вториот феноменален тикет кој вчера беше регистриран со збогатен бонус, е во „Спорт лајф“Аеродром.

Типстерот од скопски Аеродром одбрал од големиот избор на интересни игри кои ги има само во „Спорт лајф“ – двојна шанса и голови, опсег на голови во прво и второ полувреме и сето тоа му се исплатело.

На овој тикет, уплатата била 200 денари, за добивка од 564.669 денари, од кои 41.827 денари се бонус, кој прогнозерот го заслужил со погодување на исходите на осумте меча од Лига Европа.

Не само што бил исполнет условот за бонус, квотите да бидат над 1.30, туку на овој тикет најмалиот коефициент бил 1.80.

„Lucky bonus 888“ во „Спорт лајф“ во нуди можност за голема заработка, ако типувате на минимум осум парови со квоти од 1.30 или поголеми. За 18 погодоци, бонусот е 88 проценти. Максималниот бонус од 888 отсто е ако погодите 40 до 50 натпревари на еден тикет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија3 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа3 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија3 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија5 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион5 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет6 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет6 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет7 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет7 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија19 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија24 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија24 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет1 ден

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Досие