Контакт

Популарно

Меси оди на рекордот на Герд Милер

Објавено пред

Со двата гола во саботата против Леванте, ѕвездата на Барселона Лионел Меси стигна до бројката 63 голови во сите натпреваерувања во сезонава и му недостигаат уште четири за да го стигне рекордот на Герд Милер во сезоната 1972/73.

Легендарниот центарфор на минхенски Баерн и на германската фудбалска репрезентација Герхард Милер, во сезоната 1972/1073 година постигна дури 67 голови во сите официјални клупски натпреварување. Во сезоната 2011/2012 година, аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси во моментов е зад унгарскиот напаѓач Ференц Деак кој како член на Ференцварош во сезоната 1948/1949 година и легендата на бразилскиот Сантос, Пеле од сезоната 1957/1958 година коишто постигнале по 66 голови.

„Головите се важни само доколку екипата реди успеси и освојува трофеи, во спротивно ништо не значат. Мене повеќе ме итнересираат колективните успеси, отколку личните рекорди. Давам многу голови, но само затоа што имам блескави соиграчи“, изјави минатата седмица Меси.

Аргентинецот до крајот на сезоната има уште најмалку осум мечеви во коишто треба да постигне четири голови, пет во првенството на Шпанија, две во полуфиналето од Лигата на шампионите и една во финалето на шпанскиот куп./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Популарно

До 500 денари бонус на првата уплата – нова акција на Sport Life за онлајн-обложување

Објавено пред

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

 

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет7 часа

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија7 часа

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет9 часа

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет10 часа

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија10 часа

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Свет11 час

Почина сопругата на амбасадорот на Холандија која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во...

Регион12 часа

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра

Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата...

Македонија12 часа

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам...

Македонија14 часа

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, наделава се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен...

Топ14 часа

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Македонија15 часа

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет15 часа

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет16 часа

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија16 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет1 ден

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет1 ден

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет1 ден

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ1 ден

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Досие