Контакт

Популарно

Бразил доби нова шлаканица, Холандија ‘бронзена’ на Мундијалот

Објавено пред

Бразил доби уште една шлаканица на 20-то светско првенство, на кое е домаќин, откако го загуби и натпреварот за третото место. На стадиното Мане Гарична во Бразилија, Холандија лесно се справи со Бразил и забележа победа од 3-0.

Бразилците кои во полуфиналето беа декласирани од Германија (1-7), во мечот за третото место одново покажаа неубедлива игра, како и во текот на целиот турнир и на крајот заслужено со свирежи беа испреатени од теренот.

 

Последен пат Бразил два меча во низа, како домаќин, загубил во далечната 1940 година.

 

Холандија во раната фаза на мечот стигна до сигурна предност од 2-0, која до крајот анемичниот домаќин не можеше да ја загрози.

 

Ван Перси од пенал во третата, Блинд во 15-та  и Вајналдум во 91-та минута беа стрелци на головите за Холандија.

 

Инаку мечот го одбележа Алжирецот Хаимуди кој направи катастрофални грешки при постигнувањето на првите два холандски гола.

 

Во третата минута Робен му избега на Тијаго Силва, бразилскио капитен на 17 метри од голот го повлече напаѓачот на Холандија, а алжирскиот судија покажа на белата точка. Пенал немаше, прекршокот беше направен надовор од 16-те метри, но Тијаго Силва наместо црвен доби само жолт картон.

 

На вториот гол на Холандија му претходеше офсајд на Јанмат кој потоа нафрли, а Блинд на ефектен начин го совлада Жулиот Цезар.

 

Холандија како непоразена го заврши Мундијалот, портокаловите имаа учинок од пет победи и две нерешени средби, додека Бразил како домаќин доживеа фијаско со учинок од три победи, два порази и две нерешени. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Популарно

До 500 денари бонус на првата уплата – нова акција на Sport Life за онлајн-обложување

Објавено пред

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

 

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија2 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија3 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет4 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет4 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија4 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет4 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија4 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет5 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет5 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет5 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет16 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија22 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија23 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија23 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија23 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија23 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие