Популарно
Еден од најдобрите фудбалски судија досуди пенал поради играње со рака на голманот

Еден од најдобрите фудбалски судии на светот, Турчинот Чунејт Чакир направи несфатлива грешка на натпреварот од 16-то коло од турското првенство меѓу Ризеспор и Османлиспор (0-1).
Имено, Чакир досуди пенал за Ризеспор во 65 минута откако во гостинскиот казнен простор со рака играше голманот на Османлиспор, Џудраунас Карчемарскарс.
По нафрлувањето од слободен удар домашниот играч Патрик Тужински шутираше со глава, а топката го погоди во рака гостинскиот голман. Чакир, меѓутоа, на вџашување на гостите покажа на белата точка. Иако бише очигледно дека со рака играше гостинскиот голман, помошникот на главниот арбитер на таа страна, Бахатин Дуран не реагираше.
Домаќинот не го искористи подарокот, бидејќи гостинскиот голман го одбрани ударот на Јантчер.
Османлиспор на крајот победи минимално, а победничкиот гол го постигна Муса Чагиран во судиското продолжување, исто така, од пенал. Кај оваа најстрога казна немаше дилеми.
Чакир со години е еден од најдобрите фудбалски судии на светот. Минатата годија го судеше финалето во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Јувентус (3-1), пред две години полуфиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Холандија, а во 2012-та ја делеше правдата на финалето од клупското светско првенство меѓу Коринтианс и Челзи (1-0)./крај/мф/сн
https://www.youtube.com/watch?v=mLuFFMQ3h4c
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно
Пријавувањето за „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ заврши

На 8 мај 2022 ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје (кој е организатор на „Визер – Скопски маратон“ и „Авицена женска трка“), во соработка со АК Работнички. Главен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ е Halk Banka, а покровители се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.
Бројката од 1.300 учесници, на која е лимитирана оваа трка, е веќе пополнета.Оваа бројка на пријавени учесници е уште еден доказ дека граѓаните се грижат за своето здравје истовремено истакнувајќи го својот натпреварувачки дух.
Подетаљни информации за трката натпреварувачите може да најдат на официјалната страна на „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ – www.skopje.run.
Патеката на движење: стартот на трката е во 9 часот пред фонтаната „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крајот на булеварот Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата Никола Парапунов. Потоа се трча до крајот на улицата, каде што на семфорите се врти десно и се излегува на булеварот Партизански одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“, каде што се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по булеварот Партизански одреди до вкрстувањето со улицата Никола Парапунов, каде што се врти десно. Од улицата Никола Парапунов се трча до крајот, па се врти десно на булеварот Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да излезат и да им дадат поддршка на натпреварувачите.
Популарно
(Видео) Барди еднаш ја има затресено мрежата на Португалија

„Топспорт“ во Порто
Никола Ѓуровски
Повеќето од македонските репрезентативци имаат пресметка со Португалија како дел од Европското првенство за селекции до 21 година. Во 2017 година, на натпреварот во Гдиња, Македонија загуби со 2:4 од Португалија, но сè уште се памети убавиот гол на Енис Барди.
Тогаш предводник на младиот национален тим до 21 година беше сегашниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, а играа Енис Барди, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу. На клупата за резервни фудбалери беа и Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.
Покрај Барди, стрелец за Македонија беше и Кире Маркоски на асистенција на Елиф Елмас.
Популарно
Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор

„Топспорт“ во Порто,
Никола Ѓуровски
Португалија е голем фаворит, но Македонија е „убиец“ на фаворитите. Ја победи Германија во квалификациите и ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство. Утревечер на „Драгао“ во Порто ќе се игра финалната пресметка за пласман на мундијалот.
Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош, смета дека ова е „натпревар на животот“, не само за Македонија, туку и за Португалија.
„Мислите дека ова е ‘натпревар на животот’ само за Македонија? Исто е и за нас. Светско првенство се одржува на четири години, за многу од нашите фудбалери ова е историска шанса да обезбедат пласман на најголемиот светски фудбалски настан. Токму затоа сме максимално фокусирани. Имаме огромна желба, имаме квалитет, ќе ја имаме и поддршката од нашите навивачи. Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме на утрешниот меч“, изјави Фернандо Сантош.
Билетите за стадионот „Драгао“ се распродадени, се очекува Португалија да има огромна поддршка, но и Македонија ќе има околу 2.500 фанови на трибините.