Спорт
Поранешниот првак испадна во Третата лига

Поранешниот шампион на Шпанија и полуфиналист во Лигата на шампионите, Депортиво Ла Коруња, од наредната сезона ќе се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал – Сегунда Б.
Депортиво синоќа не го одигра својот натпревар од последното коло во Сегунда бидејќи седум фудбалери на Фуенлабрада биле позитивни на коронавирусот. Шпанската федерација го откажа натпреварот.
Резултатите на другите натпревари беа такви што Депортиво и со победа над Фуенлабрада ќе испаднеше од лигата.
Луго и Албасете забележаа победи поради што Понферадина заврши на 18. место, Депортиво има три бода помалку полош меѓусебен скор со овој тим.
Ова значи дека две децении по освојувањето на титулата во Ла Лига, Депортиво ќе игра во Сегунда Б.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос тргна по потписот на Стефан Ристовски

Олимпијакос е последниот клуб со кој се поврзува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Десниот бек, сигурно ќе го напушти Спортинг, до крајот на преодниот рок, прашање е само која ќе биде негова следна дестинација.
Ристовски, сезонава е отпишан во Спортинг, неколку месеци неговото име се поврзува со неколку клубови: Динамо и Спартак од Москва, Брага, Фиорентина, а сега во редот застана и грчкиот великан, Олимпијакос.
За услугите на Ристовски бил заинтересиран тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс. Планот на клубот од Пиреа е да го донесе Ристовски на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор.
Спорт
Дукати во Мото ГП до 2026 година

Дукати ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот најмалку до 2026 година. Претставниците на тимот, денес го потпишаа договорот со компанијата Дорна спортс.
Претходно, овој договор со Дорна спортс, го потшиа и тимот на КТМ. Се очекува стапките на Дукати и КТМ да ги следат Јамаха, Сузуки, Хонда и Априља.
Дукати се присутни во мото ГП шампионатот од 2003 година, првата победа им ја донесе Лорис Капироси на Големата награда на Каталонија, а првата титула за овој тим, во 2007 година, ја освои Кејси Стонер.
Боите на Дукати во новата сезона ќе ги бранат Џек Милер и Франческо Бањаја.
Спорт
Румениге: УЕФА размислува ЕП да се игра во една држава

УЕФА повторно е во дилема. Во европската куќа на фудбалот, како што тврди претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, сериозно ја разгледувале опцијата ЕУРО 2021 наместо во 12, да биде одржано само во една држава.
„Знам дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е многу претпазлив кога станува збор за коронавирусот, размислува дека можеби е подобро поради пандемијата, турнирот да биде организиран само во една држава, со почитување на сите можни протоколи“, изјавил Румениге за германските медиуми.
Оваа изјава на Румениге од УЕФА официјално не ја демантираа.
„Во оваа фаза немаме информации по прашањата кои ги поставивте“, изјавил портпаролот на УЕФА.
Официјално, УЕФА се уште планира ЕУРО 2021 да биде одржано во 12 држави.
Во седиштето на УЕФА, во Нион, најдоцна до 5.март, треба да решат дали натпреварите на ЕП ќе се играат со присуство на публика.
УЕФА има четири опции. Капацитетите на стадионите да бида максимално исполнети, да бидат исполнет 50 до 100 отсто од капацитетите, да се дозволи исполнетост на 20 до 30 отсто и натпреварите да се играат пред празни трибини.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира