Спорт
Поранешниот ТдФ шампион Томас ќе „вози“ 36 часа во својата гаража
Поранешниот шампион од Тур де Франс, Герант Томас вели дека се моли за оддржување на ТдФ оваа сезона, но во меѓувреме ќе вози 36 часа во својата гаража во обид да собере 100.000 фунти во добротворни цели.
Трката околу Франција требаше да стартува во Ница на 27 јуни, но по одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да се продолжи „карантинот“ и да се забранат јавни собири до средината на јули, организаторите решија трката да се одложи за август, иако и тој термин не е сигурен.
33-годишниот Томас, кој победи на најважната велосипедска трка во 2018 година, се наоѓа во Кардиф, каде што денеска во 6.30 часот наутро почна со својот подвиг – три 12-часовни смени на велосипедот, исто како здравствените работници во Велика Британија за да собере 100.000 фунти за добротворни цели.
„НХС (здравствениот систем на Британија) значи многу на сите и сите сфаќаат со која посветеност работат. За мене овој подвиг ќе биде потежок од етапа на Тур де Франс, бидејќи нема велосипедисти, туку сам сум во гаражата. Се работи за три дена, 36 часа, што е поблиску до осум или девет етапи на ТдФ“, вели Томас.
Getting a bit nervous now!! ? #GsNHSZwiftShifts
If you want to join me on any of the rides, sign up on @GoZwift here: https://t.co/WmFSIPLUbj
And you can donate to @NHSCharities here: https://t.co/V4yNaiULZY pic.twitter.com/IszJkN2jKg
— Geraint Thomas (@GeraintThomas86) April 14, 2020
Right, I'm off! #GsNHSZwiftShifts
Watch me live in my garage here: https://t.co/ObYVECD4Zi
Donate here: https://t.co/V4yNajcmRw pic.twitter.com/BF0uf5CCrt
— Geraint Thomas (@GeraintThomas86) April 15, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.