Спорт
Пораз на Денвер, му „виси“ местото во плејофот
Денвер нагетс доживеа тежок пораз од Бостон Селтикс, по кој им „виси“ директниот пласман во плејофот. Ноќта во НБА-лигата ја обележаа поразот на Голден стејт Вориорс и драматичната победа на Финикс санс.
Никола Јокиќ имаш лоша шутерска вечер, не доби помош од соиграчите, Бостон ја демонстрираше одличната форма во Денвер. Селтикси ги декласираа Нагетси со 124:104.
Џејлен Браун и Џејсон Тејтум со по 30 поени го предводеа Бостон до победата во Колорадо. Селтикси на овој меч имаа процент на реализација од 57 отсто.
Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, осум скока и четири асистенции. Актуелниот МВП погоди само осум од 23.обиди од поле.
Со овој пораз, Денвер падна на седмото место на Западот. Денвер и Минесота имаат по 42 победи и 30 порази. До крајот на сезоната ќе водат жестока борба за шестото место.
Резултати:
Њујорк-Јута 93:108
Голден стејт-Сан Антонио 108:110
Филаделфија-Торонто 88:93
Хјустон-Мемфис 98:122
Индијана-Портланд 129:98
Атланта-Њу Орлеанс 112:117
Орландо-Оклахома 90:85
Сакраменто-Финикс 124:127.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати сe полуфиналните термини во Лигата на шампионите
Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето, во Лигата на шампионите.
Познато е дека во полуфиналето ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд, односно Баерн Минхен и Реал.
Домаќини на првите натпревари ќе бидат германски клубови, додека реваншите ќе се играат на „Паркот на принцовите“ во Париз и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.
Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.
Финалето на Лигата на шампионите е на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Спорт
Де Роси ќе ја води Рома и следната сезона
Даниеле Де Роси и следната сезона ќе остане на клупата на Рома. Поранешниот капитен ги оправда очекувањата и на навивачите и на клупските челници.
Поранешниот италијански репрезентативец, функцијата ја презеде од Жозе Мурињо, кој доби отказ во јануари по поразот од Милан (1:3).
Де Роси ја донесе Рома на петтото место на табелата, кое според сегашната ситуација треба да го одведе тимот во Лигата на шампионите, бидејќи Италија во моментов води на УЕФА рангирањето на најдобрите клубови и со тоа би добила уште едно место во елитното европско клупско натпреварување.
Исто така, Рома е и во четвртфиналето на Лига Европа, каде со Милан се бори за место меѓу најдобрите четири екипи.
„По средбата со Даниеле Де Роси, можеме да кажеме дека ќе остане со нас и следната сезона. Тој донесе позитивни промени и сакаме да продолжиме по тој пат“, изјавија газдите на Рома, Американците Ден и Рајан Фридкин.
Спорт
Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф
Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко воведува неверојатно правило во тамошниот фудбал. Судиите ќе мора да поминат на полиграф пред натпреварите. Судиите ќе бидат избрани по случаен избор, а целта на овој проект во украинскиот фудбал е да се стави крај на местењето натпревари.
Оваа информација ја пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, со образложение дека идејата на Шевченко има за цел „да ја намали корупцијата во фудбалот и да спречи местење натпревари“.
Судиите ќе мора да поминат тестирање пред натпреварите. Нешто слично како случајните допинг тестови за фудбалерите, кои се прават по натпреварите.
„Го гледаме полиграфот како шанса да добиеме повеќе информации и да разбереме кои судии можат да се справат со оваа работа, а кои не. Почнуваме од нула“, рече Шевченко, поранешен напаѓач на Милан, Челзи и Динамо Киев.