Контакт

Спорт

Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Објавено пред

Португалија го отвори Мундијалот со триумф од 3:2 против Гана и се наоѓа на првото место во групата, каде претходно Јужна Кореја и Уругвај одиграа без голови.

dobivaj vesti na viber

Еден час беше здодевно, но потоа се отвори мечот. Кристијано Роналдо изнуди и реализираше пенал во 65.минута, но Андре Ајев израмни осум минути подоцна.

Сепак, радоста на Гана краеше многу кусо. Жоао Феликс во 78.минута ја врати предноста за Португалија, а Рафаел Леао две минути подоцна зголеми и на 3:1.

Но, и тоа не беше сѐ. Осман Букари со голот во 89.минута даде надеж дека Гана може да избегне пораз. Сепак, немаше доволно време за да сторат нешто повеќе.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Алшехри: Лага е дека ќе добиеме Ролс Ројс за победата над Аргентина

Објавено пред

Селекторот на Саудиска Арабија, Ерве Ренар и напаѓачот Салех Алхешри, ги демантираа гласините кои се проширија на социјалните мрежи дека за сензационалната победа над Аргентина (2:10, секој играч ќе добие на подарок Ролс Ројс Фантон од саудискиот принц Мохамед бин Салман.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата пред мечот со Полска, напаѓачот Алшехри ги демантираше гласините дека секој фудбалер од принцот ќе добие автомобил вреден најмалку 460.000 долари.

Играчот рече дека гласините не се точни, а новинарот додаде: „Срамота е, нели?“

Сепак, Алшехри не беше расположен за шега.

„Ние сме тука да и служиме на нашата земја и да дадеме се од себе“, рече тој. „Значи, тоа е нашето најголемо достигнување“.

Одговор даде и селекторот Ренар; тој истакна дека е важно неговиот тим да не ги сфаќа лесно противниците и дека има намера да продолжи да се бори за победи.

„Имаме многу сериозен сојуз. Имаме многу сериозно министерство за спорт. Ова не е време за примање подароци. Ние само еден натпревар“, изјави селекторот на Саудиска Арабија.

„Сè уште треба да победиме на важни натпревари и се надевам дека ќе успееме. Оваа гласина не е точна. Во овој момент одигравме само еден натпревар“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лекип: Без Бензема атмосферата во репрезентацијата е многу подобра

Објавено пред

Карим Бензема веројатно е најголемата ѕвезда која не игра на Светското првенство. Добитникот на Златната топка оваа сезона требаше да биде најсилниот адут на тимот на Дидие Дешам во Катар, но поради повреда на квадрицепсот го напушти таборот на репрезентацијата ден пред почетокот на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Еден од највлијателните спортски медиуми во светот лакип, пишува дека атмосферата во францускиот табор е многу подобра по заминувањето на Бензема, што и не е толку големо изненадување.

Поради скандалот со соиграчот Метју Валбуена, Бензема речиси осум години не играше за репрезентацијата. Селекторот Дидие Дешам не го повика за Еп во 2016 и Сп во 2018 година, кога триколорите ја освоија титулата.

Отсуството на Бензема воопшто не се почувствува во првиот меч против Австралија.

Оливие Жиру, кој игра како централен напаѓач, постигна два гола за победа од 4:1 и со тоа се израмни на вечната листа со Тиери Анри.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мајсторски гол на Дјук, Австралија го победи Тунис

Објавено пред

Австралија го победи Тунис со 1:0, во првиот натпревар од второто коло, во Б-групата, на Мундијалот во Катар. Победникот го реши голот на Дјук во 23.минута.

dobivaj vesti na viber

Австралија ја оствари првата победа во Катар, ова е трета во историјата на фудбалската репрезентација на Светските првенства. „Кенгурите“, со овој триумф ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата.

Овој пораз за Тунис во голема мерка значи и елиминација од СП, бидејќи имаат само еден бод, а во последното коло оваа селекција ќе игра против Франција.

Најдобриот период во играта, првите 20 минути, Австралија го круниса со гол. Мичел Дјук одлично реагираше на еден центаршут од десната страна.

Остатокот на натпреварот мина во доминација на Тунис, но селекцијата од северниот дел на Африка, не успеа да создаде некоја сериозна шанса за гол.

На 30.ноември, Австралија ќе игра против Данска, а Тунис ќе се соочи со Данска.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,...

Европа1 час

Одрон во Италија затрупа згради и автомобили, 13 луѓе се исчезнати

Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија, по лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд. Затрупани се...

Европа2 часа

Лавров: Украинскиот народ ќе биде ослободен од неонацистичките владетели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во документарен филм емитуван денеска, рече дека Украинците заслужуваат пријателски однос со своите...

Топ2 часа

Царина: Запленети 12 килограми екстази вредни 200.000 евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84...

Македонија3 часа

(Видео) Митева: Катастар пред банкрот, зголемување на давачките до 500 отсто

„Во услови на длабока сиромаштија, кризи и инфлација, СДСМ им воведе нови поскапи цени на услугите на Агенција за катастар...

Европа4 часа

САД распоредија осум беспилотни летала во Грција

САД распоредија осум беспилотни летала MQ-9 Reaper во Грција, објави Пентагон. Беспилотните летала се распоредени во воздухопловната база Лариса, дознава...

Свет5 часа

Канје Вест: Го поканив Трамп да биде мој потпретседател, тој врескаше по мене

Американскиот рапер Канје Вест објави дека му рекол на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе биде одличен кандидат за негов...

Економија6 часа

СДСМ: 2023та ќе биде година за економска пресвртница, на нова надеж

„Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели. Проекцијата на ЕБОР е дека македонската...

Свет6 часа

Џинпинг до Џонг-ун: Подготвени сме да соработуваме за мирот, стабилноста, развојот и напредокот на регионот и светот

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната, народот ќе трпи за леб

„Поради владата на СДС и ДУИ, Македонија се соочува со економска катастрофа и драстично осиромашување на народот. Тоа го покажува...

Европа6 часа

Зеленски првпат од почетокот на војната јавно го критикува Кличко

Во ретко јавно несогласување меѓу украинските лидери, претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко дека не ја...

Европа6 часа

Столтенберг: Берлин сам да одлучи дали ќе го испрати ракетниот систем „Патриот“ во Украина

Откако Полска неодамна предложи противракетните системи „Патриот“ што ги нуди Германија да и бидат предадени на Украина, генералниот секретар на...

Македонија19 часа

Нема договор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија за Охридската архиепископија

Дводневниот состанок на мешовитата Комисија за историски прашања во Скопје заврши вечерва без договор. Единствената тема на која членовите на...

Свет20 часа

Велика Британија: Путин е очаен поради својата војска, затоа ја уништува инфраструктурата на Украина

Руските воздушни напади врз критичната инфраструктура на Украина се знак на очај на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот министер...

Економија21 час

„Скопје Север“ исклучено од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут

Друштвото „Скопје Север“ АД информира дека денес е исклучено од системот за пренос на природен гас. „Во согласност со договорот со...

Македонија21 час

МНР ја осуди изјавата на Костадинов, кој рече дека Македонија е втора бугарска држава

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија, искажани...

Свет22 часа

Германија планира да ја олесни процедурата за добивање државјанство

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, презентира делови од предлог-законот што треба да го олесни стекнувањето германско државјанство и...

Македонија22 часа

Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Македонија е втора бугарска држава

Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е...

Македонија24 часа

Мијалков доби ослободување за случајот „Трезор“, Апелација го врати предметот на повторно судење

Сашо Мијалков по година и пол од изречената осум годишна казна затвор, доби ослободување за случајот „Трезор“. скопска апелација, го...

Регион1 ден

Ученик во Србија му се заканувал на професорот, го гаѓал со тестот во лице

Инцидент се случил во техничко-сообраќајното училиште во Владичин Хан во четвртокот за време на полагањето за возачи од Б категорија....