Спорт
Последно делче во шампионскиот мозаик – Грифин во Бруклин Нетс

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Блејк Грифн, се наоѓа пред трансфер во Бруклин Нетс. Грифин го раскина договорот со Пистонс и стана ограничено слободен агент, негова цел е да потпише за тим кој ќе се бори за шампионскиот прстен.
Американските медиуми се сигурно дека крилниот-центар ќе потпише договор со Бруклин Нетс. Потписот на шесткратниот учесник на Ол стар натпреварите ќе ги промовира Нетс во најголеми фаворити за титулата.
Од оваа сезона заедно во Бруклин се супер-ѕвездите Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг.
Грифин игра во НБА лигата од 2009 година, кога како прв пик на драфтот го избраа Лос Анџелес Клиперс. Девет години играше во Лос Анџелес, а потоа се пресели во Детроит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Жестока казна за Савиќ за ударот врз Ридигер

Црногорскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Савиќ заработи суспензија од 4 натпревари од УЕФА поради црвениот картон што го доби на мечот против Челси (осминафинале во ЛШ), откако со лакт го удри противничкиот дефанзивец, Антонио Ридигер.
Причина за толку високата казна на стоперот на Атлетико Мадрид се и навредите упатени кон италијанскиот судија, стои во соопштението од европската куќа на фудбалот.
„Сините“ ги елиминираа „јорганџиите“ во двомечот, а Савиќ ќе пропушти 4 меча за својот тим во европските натптреварувања, кога ќе дојде време за тоа.
Казнет е и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне поради доцнење на неговата екипа при излегувањето на теренот, а поради недолично однесување има пријава за уште петмина првотимци на мадридскиот клуб.
Вкупната казна што Дисциплинската комисија на УЕФА му ја изрече на Атлетико Мадрид е 24.000 евра, а рокот за плаќање е 90 дена.
Потсетување зошто Савиќ заработи таква казна:
Спорт
Барса сака да го врати Олмо во Каталонија?

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо како млад ја напушти Каталонија и се пресели во Загреб, во Динамо за да се изгради како играч.
Успеа во мисијата, па по неколку сјајни сезони со „модрите“ се пресели во Лајпциг, на инсистирање на младиот стратег на „биковите“, Нагелсман.
Каталонски „Спорт“ пишува дека во Барселона не го заборавиле Олмо, го следат.
„Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија. Придонесува со головите, но и со своето влијание на целокупната игра“ – пишува шпанскиот медиум.
Новинарот Жосеп Капдевиља во својот текст пишува и дека Олмо е една од клучните фигури во „Фуријата“ во моментов.
„Луис Енрике го повика во младата репрезентација, секогаш веруваше во него и сега стана стандарден член во А селекцијата. Тоа придонесе Барселона повторно да почне да го следи како потенцијално засилување“ – пишува Капдевиља кој смета дека со доаѓањето на Лапорта на чело на клубот, шансите за враќање на Олмо пораснаа.
„На Барса и треба играч како него, а згора на се сигурно тој нема да е прескап за клубот. Неговото враќање во Барселона ќе зависи од тоа колку фудбалери ќе го напуштат клубот на лето“ – вели тој.
Спорт
Влаховиќ добива тројно повисока плата за да остане во Фиренца

Напаѓачот на калчолигашот Фиорентина, српскиот голгетер Душан Влаховиќ го сврте вниманието на себе по натпреварите кои сезонава ги игра. За неговите услуги се заинтересирани Милан и Рома.
Шпицот на „виолетовите“ сезонава постигна 15 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања, а подели и две асистенции. Поголемиот дел од погодоците ги постигна од декември наваму, кога почна да добива поголема минутажа.
Иако 21-годишниот фудбалер има договор со Фиорентина до 2023 година, претседателот на клубот од Фиренца, Роко Комисо, има намера да му даде трипати повисока плата за да го задржи на „Артемио Франки“, но сака и да го ревидира договорот.
Актуелната плата на Србинот сега зема 400.000 евра (со бонуси) месечно, што во финансиска смисла големите клубови лесно би го поднеле.
Заинтересираност за Влаховиќ покажа и Борусија Дортмунд, пред сè ако Халанд си оди од „жолто-црните“ ова лето.
Проценките се дека Влаховиќ во моментов на фудбалскиот пазар вреди околу 40 милиони евра.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш