Спорт
Пред 60 години Абебе Бикила бос стигна до олимпиското злато
Пред точно 60 години се случи една од најлегендарните маратонски трки во историјата на олимпијадите кога 28-годишниот Абебе Бикила, анонимен тркач од Етиопија, успеа да стигне до златото на ЛОИ во Рим.
Бикила беше вистинска сензација не само поради тоа што беше првиот тркач од источна Африка со олимписко злато во дисциплината туку и поради тоа што трката ја истрча без патики. Четири години подоцна, во Токио, тој го повтори успехот, овој пат со тркачки патики.
Бикила воопшто не требаше да трча во Рим, каде што беше замена за сонародникот Вами Бирату, кој се повреди играјќи фудбал. Затоа тој отпатува во Италија со стар чифт патики што ги користел на тренинзите и наједноставното решение беше да се обујат нови патики, но проблемот бил во тоа што тие предизвикале плускавци. На крајот тој победи со време од 2:15.16.2, 25 секунди пред конкуренцијата.
„Сакав светот да дознае дека мојата земја, Етиопија, секогаш победувала со посветеност и хероизам“, изјави по трката Бикила.
Тој е национален херој во Етиопија, каде што стадионот во Адис Абаба го носи неговото име, а ниту Италија не го заборави, каде што во Ладисполи еден мост го носи неговото име. Неговиот живот не беше среќен – тој почина во 1973 година на 41 година кога во 1969 година, по сообраќајна несреќа, остана парализиран од вратот надолу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.