Спорт
Преку глава му е од ПСЖ – Вајналдум се враќа во Англија

Жоржињо Вајналдум, по само шест месеци, ќе го напушти Париз, тврди „Скај спорт“. Репрезентативецот на Холандија ќе се врати во Премиер лигата.
Вајналдум минатото лето како големо засилување дојде во ПСЖ. Тој ја прифати богатата понуда на „светците“ и покрај тоа што беше пред портите на Барселона.
Некогаш еден од клучните играчи на Ливерпул не успеа да се избори за место во тимот на ПСЖ. Најчесто се наоѓа на клупата за резерви, што само го зголемува неговото незадоволство.
Во Лига 1 настапил на 14 натпревари, четири натпревари одиграл во Лигата на шампионите.
Вајналдум се поврзуваше со својот поранешен клуб, Њукасл јунајтед, меѓутоа, според „Скај спорт“, тој кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.
Овој извор тврди дека прашање на денот е кога клубовите ќе го официјализираат овој трансфер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Португалија и Италија со рутински победи против аутсајдери, Словачка со шок за БиХ

Португалија и Италија стигнаа до очекувани победи во квалификациите за ЕУРО 2024 против далеку послаби противници.
Кристијано Роналдо даде два гола за да го продолжи одличниот скор против Луксембург за 6:0 победа на гости, додека Италија со 2:0 ја совлада Малта во нашата група Ц. Словачка пак, го уништи доброто расположение кај Босна и Херцеговина по победата над Исланд, совладувајќи ја со 2:0.
Во првиот меч на Роберто Мартинез на клупата на Португалија, Кристијано Роналдо беше стартер и го подобри својот неверојатен скор против Луксембург на 11 гола во 11 меча против европскиот аутсајдер. Роналдо го отвори резултатот по само девет минути игра, за Жоао Феликс во 15. минута да зголеми на 0:2. Фуриозниот почеток продолжи во 18. минута со голот на Бернардо Силва, за Роналдо повторно да постигне гол во 31. минута. Во второто полувреме Отавио во 77. минута зголеми на 0:5, а Португалците промашија и пенал преку Рафаел Леао во 85. минута од мечот, за потоа фудбалерот на Милан да се поправи во 88. минута со убав гол.
„Аѕурите“ пак, не беа толку расположени за полнење на мрежата на Малта, но стигнаа до сигурни три поени. Матео Ретегуи постигна гол во втор натпревар едноподруго за Италија за водство по 15. минути игра, за Матео Песина во 27. минута зголеми на 2:0.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Малта – Италија 0:2
ГРУПА Х
Северна Ирска – Финска 0:1
ГРУПА Ј
Луксембург – Португалија 0:6
Словачка – Босна и Херцеговина 2:0
Домашен
(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер. Долж булеварот беа распоредени униформирани полицајци и специјалци. Ова доаѓа откако за време на ракометниот натпревар имаше инцидент, а навивачи влетаа на теренот.
Автобусите и комбето по пат беа пратени и со полициски возила, со цел зголемена безбедност на навивачите и ракометарите. Првите тензии дојдоа во првото полувреме кога Пелистер имаше и предност пред Вардар.
Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар, кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.
Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига, Вардар на домашен терен во Скопје со 31:24 (13:10) славеше победа откако го победи Пелистер.
Спорт
Рубљов го декласираше Кецмановиќ во Мајами

Шестиот носител, Андреј Рубљов се пласираше во четвртото коло на Мастерсот во Мајами, откако со 6:1/6:2 го декласираше Србинот Миомир Кецмановиќ.
Во доминантен меч, на Рубљов му беа потребни само 58 минути за победа за да го подобри скорот против Кецмановиќ на 2-0. Во следното коло, Рубљов, кој ја брка својата прва АТП Мастерс 1000 титула ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Јаник Синер и Григор Димитров.
Во четвртото коло е и Американецот, Тејлор Фриц, кој со 6:4/6:4 беше подобар од Канаѓанецот Денис Шаповалов, како и младиот Данец, Холгер Руне, кој со 6:4/6:2 доминираше против Диего Шварцман.