Контакт

Спорт

Премиер лигата обезбеди пет екипи во Лигата на шампионите

Објавено пред

Премиер лигата ќе има најмалку пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона, откако ја освои оваа привилегија втора година по ред благодарение на коефициентот.

Петтото место во Лигата на шампионите за Премиер лигата беше потврдено синоќа вечерта со победата на Арсенал против Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

УЕФА им доделува дополнително место на двете лиги кои имаат најдобар годишен коефициент врз основа на вкупните перформанси на клубовите во сите европски натпреварувања.

Победата на Арсенал, заедно со фактот дека девет клубови од Премиер лигата стигнаа до осминафиналето на Европските купови, ѝ дадоа на Премиер лигата убедливо прво место на оваа табела.

Добрите резултати на англиските клубови во лигашката фаза од три натпреварувања на УЕФА многу придонесоа за ова.

Како што стојат работите во овој момент, Ла Лига ќе биде втора на оваа табела, па така и Шпанија ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите.

Сепак, таа „борба“ сè уште не е завршена бидејќи Баерн го победи Реал во вторникот, а Фрајбург сè уште не играл против Селта.

Ако сè оди добро, Премиер лигата би можела да има шест клуба во Лигата на шампионите следната сезона. За тоа, би било потребно Ливерпул да ја освои Лигата на шампионите или Астон Вила да ја освои Лигата на Европа, а во исто време да меѓу првите пет на табелата во Премиер лигата. Во тој случај, Ливерпул или Астон Вила би добиле место во Лигата на шампионите со освојување на европски трофеј, што значи дека шестопласираниот тим во Премиер лигата би играл во Лигата на шампионите.

Доколку се случи и Ливерпул и Астон Вила да освојат европски трофеи и да завршат на петтото или шестото место на табелата, тогаш седмото пласираниот тим во Премиер лигата има имал место во Лигата на шампионите.

Нотингем Форест е исто така во четвртфиналето на Лигата на Европа. Доколку се случи „Шумарите“ да го освои трофејот, тогаш, како и минатата година со Тотенхем, би се случило клубот од долната половина на табелата во Премиер лигата да оди во Лигата на шампионите, а Премиер лигата да има шест претставници во најсилното европско натпреварување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Објавено пред

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови во борбата за опстанок.

Натпреварот беше решен во 28-та минута, кога Робин Госенс ја затресе мрежата на гостите и го постави она што ќе биде конечниот резултат.

Фиорентина покажа повеќе желба и енергија од самиот почеток, што беше крунисано во средината на првото полувреме. По тој гол, домашните се одлучија за дисциплинирана игра и чување на предноста, додека Лацио се обидуваше да израмни, но без некоја конкретна закана кон голот на „Виолетовите“.

Фиорентина сега има 35 поени, осум повеќе од тимовите во опсната зона, додека Лацио остана на 44 и се наоѓа на деветотот место.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Објавено пред

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата.

Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок.

Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во 29-та минута.

Лидс го задржа водството на полувремето, а проблемите на Јунајтед се зголемија на почетокот на вториот дел, кога Лисандро Мартинез, поради неспортски потег доби црвен картон.

Јунајтед се обиде да се врати во натпреварот, во 69-та минута, Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандес.

Иако имаа играч помалку, „црвените ѓаволи“ нападнаа, но Лидс успеа да се одбрани и да го задржи водството до самиот крај.

Јунајтед е на третото место во Премиер лигата со 55 бода, додека Лидс е на 15-то место со 36.

Во следната рунда, Лидс ќе го пречека Вулверхемптон, а Јунајтед ќе гостува кај Челзи.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Објавено пред

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар.

Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар.

„Го гледав тој натпревар многу пати, а го гледав и во живо на стадионот. Нејмар е голем дел од моето детство, тој е мој идол и засекогаш ќе бидам благодарен за сè што му даде на фудбалот. Нè инспирираше сите. Луѓето плаќаа билети за да го гледаат Нејмар, а по два или три дена, ги гледаа снимите од натпреварот за да видат што направил и какви движења имал. Сакам да му се заблагодарам за придонесот што го имаше во фудбалот и се надевам дека ќе игра на Светското првенство“, рече Јамал.

Тој додаде дека еден од идоелите му е и кошаркарот Леброн Џејмс, кој во 2016 година со Кливленд направи голем пресврт во финалето на НБА против Голден Стејт и од 0:2 и 1:3 стигна до 4:3 во победи.

„Леброн е исто така еден од оние што ме инспирираат пред утрешниот натпревар. Размислувам како го водеше тимот до пресврт и се надевам дека ќе можам да го направам истото. Но, не сум сам, имаме многу играчи, јас сум само дел од тимот. Важно е сите да веруваме и да размислуваме позитивно, што сме го покажале многу пати. Мора да се бориме за грбот што го носиме и ќе направиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа.“

На крајот, младиот фудбалер рече:

„Важно е да играме како што знаеме, со многу интензитет. Не смееме да мислиме дека пресвртот е чудо. Влегуваме во натпреварот со 2:0, но мора да веруваме во пресвртот“, заклучи Јамал.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт2 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион3 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт4 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника4 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија4 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт4 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт4 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет4 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....