Спорт
Пресметката Фјури – Вајт потврдена за 23 април на „Вембли“
Тајсон Фјури ќе ја брани својата ВБЦ-титула на „Вембли“ против предизвикувачот Дилијан Вајт на 23 април потврди неговиот промотер Френк Ворен.
Долгоочекуваната британска пресметка, конечно, е закажана откако Вајт претходно одбиваше да ја прифати неверојатната клаузула за 80-20 поделба на парите од мечот, но на крајот се согласи. Ова ќе биде прв домашен меч на „Џипси кинг“ пред домашната публика по речиси четири години боксување во Америка, каде што имаше успешна трилогија против Дионтеј Вајлдер.
„Тајсон Фјури се врати дома за да се бори на ‘Вембли’ и тоа е достојна награда за најдобриот тешкаш на светот по освојувањето на Америка. Тоа што задолжителната одбрана на ВБЦ-титулата доаѓа против уште еден Британец, само ќе биде повод за прослава“, изјави Ворен.
Фјури веќе почна со тренинг-кампот во својот дом во близината на Манчестер потврдувајќи дека нема да се јавува на социјалните мрежи за да се фокусира на мечот. Тој исто така ќе го исели своето семејство осум недели за целосно да биде исклучен од надворешниот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.