Спорт
Пресврт победа на Англија против Швајцарија, Ирска и Белгија ремизираа

Англија ја победи Швајцарија со 2:1, а Република Ирска и Белгија одиграа 2:2, во пријателски натпревари.
Англичаните не блескаа, но сепак со пресврт забележаа победа над Швајцарија. Швајцарците доминираа во првото полувреме, постигнаа гол во 22.минута преку Емболо и имаа уште три добри шанси за зголемување на предноста.
Откако не ги искористија шансите ги стигна казната преку Лук Шо, кој погоди на истекот на првото полувреме.
Во второто полувреме, Англија одигра нешто подобро, а до победата дојде со голот на Хари Кејн од пенал во 78.минута.
Ирска и Белгија, на „Авива“ стадионот во Даблин одиграа добар меч. Бачуаи и донесе предност на Белгија во 12.минута. Играчот на Бешикташ одлично регираше по додавањето од Ванакен.
Чиедози Огбене израмни во 35.минута.
Ванакен за одличната игра се награди со гол во 58.минута. Предноста на Белгија ја анулираше Алан Браун на пет минути до крајот на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебас експлицитен: Барселона не може да го купи Левандовски
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, тврди дека Барселона нема шанси да го донесе Роберт Левандовски во летниот преоден рок. Тебас се повикува на финансиските прописи кои лани беа клучни за заминувањето на Лионел Меси. Првиот човек на Ла Лига откри дека трансферот и платата на Левандовски не може да се вклопи во финансиите на клубот.
Во разговор со „Марка“ на тема Барса и Левандовски, Тебас рече.
„Бројките се едноставна работа. Кога имаш загуба од над 500.000.000 евра во последните две години, прво треба да ја покриеш, а потоа да донесеш играчи. Левандовски има договор со Баерн на уште една година, па кога ќе се земе во предвид неговата плата и сумата што ја бараат Германците за обесштетување, не гледам како Барселона би можела да го доведе“.
Во теорија, спас може да биде продажбата на играчи. На пример, Френки де Јонг, кој може да заврши во Манчестер Јунајтед.
„Тоа би можело да биде решение, но зависи од тоа за клоку пари ќе го продаде Барселона овој играч. На пример, од целата пресметка, која вклучува продажба на играчи, па исплатена отштета и плата за другиот, Барселона би трабала да биде во плус од 100.000.000 евра. Де Јонг може да го донесе тоа. Ако воопшто планираат да го продадат“, изјави Тебас.
Според информациите на медиумите, Левандовски договорил тригодишен договор и годишна плата од 9.000.000 евра. Баерн веројатно би прифатиле обесштетување од 40.000.000 евра.
Спорт
Барнли и Лидс бараат да се истражат финансиите на Евертон

Евертон успеа да опстане во Премиерлигата, а борбата за избегнување на последното место кое води во Чемпионшип ќе ја водат Барнли и Лидс. Сепак, овие два клуба решија да водат правна пресметка против тимот од Гудисон, сомневајќи се дека потрошиле повеќе од дозволеното.
Барнли и Лидс побараа од Премиерлигата да ги истражи финансиите на директниот конкурент за опстанок. Посочуваат дека пријавените загуби на Евертон за последните три сезони изнесуваат дури 372 милиони фунти, а според правилата на Премиер лигата за тој период се дозволени 105 милиони фунти.
Евертон пријави загуба од 170 милиони фунти во последните две сезони, но со оправдување дека тоа се случи поради пандемијата на коронавирусот. Посочуваат и дека имале трошоци за новиот стадион и клупската академија, но и за женскиот тим.
Екипата од Гудисон претрпе и голем финансиски удар кога мораше да ги раскине спонзорските договори со компаниите, каде ко-сопственик е Алишер Усманов, бидејќи рускиот милијардер падна под санкциите на Велика Британија поради вооружениот конфликт во Украина.
Овој случај треба да се следи бидејќи можно е да му се одземат бодови на Евертон доколку се докаже дека обвинувањата се вистинити, а тоа би можело значително да влијае на редоследот на табелата.
Спорт
Двајца Бразилци ќе го засилат Јувентус

Јувентус во летниот рок подготвува целосна реконструкција на тимот. Лидерите мора да направат таков чекор, откако Јувентус по десет години ја заврши сезоната без освоен трофеј.
Тренерот Масимилијано Алегри следната сезона нема да го смета Федерико Бернардески, кој ќе го напушти клубот како слободен играч.
Џорџо Киелини ќе стави крај на кариерата, а Паоло Дибала го напушта клубот. Неизвесна е и иднината на Бразилците Данило и Алекс Сандро.
Прашање е дали Алваро Мората ќе остане во Торино. На Шпанецот му истекува двегодишната позајмица од Атлетико Мадрид. Алегри сака да го откупи неговиот договор, но за помала сума од 35.000.000 евра, колку што бараат „јорганџиите“.
Без разлика што ќе се случи со Мората, Јувентус ќе тргне во бизнис со Атлетико. Пред трансфер во редовите на „старата дама“ е левиот бек, Ренан Лоди. За овој трансфер Јувентус ќе треба да издвои меѓу 30 и 35.000.000 евра.
Алегри мерка е уште еден бразилски хор за играчот на Арсенал, Габриел Магаљаеш. Италијанските медиуми тврдат дека преговорите меѓу двете страни се одвиваат добро и дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.