Спорт
Прибак: Добро е што победивме, но ние можеме многу повеќе
Ракометната репрезентација на Македонија, според планираното, со победа против Украина (27-21) ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година. Впечаток на сите по натпреарот е дека овој тим може уште поеќе да напредува во играта, иако никој не го криеше задоволството од победата.
Македонија по речиси една деценија започна еден квалификациски циклус без Миркуловски и Мојсовски, кои ставија крај на своите репрезентативни кариери.
Од бековската тројка кој долго време ја носеше играа на ракометната репрезентација остана само капитенот Лазаров, а покрај него во поставата се Немања Прибак како среден и Филип Талевски како лев бек.
Овие двајца одиграа добро против Украина, Талевски постигна три, а Прибак еден гол, но играчот на Бешикташ повеќе внимание посвети на организацијата на играта, што е негова примарна задача.
Во изјава за Макфакс, Прибак се согласува дека овој тим може многу повеќе, а очекува вистинското лице да го покаже веќе в сабота против Чешка.
„Мислам дека не одигравме како како што знаеме, мислам дека сме подобри од ова што го прикажавме денеска. Сепак секогаш е незгодно да се играат вакви натпревари. Имавме малку тренинзи во комплетен состав, само еден со играчите кои играат во Германија, два со Кире Лазаров. Мислам дека ние можеме многу подобро од ова, но добро е што со победа ги започнавме квалификациите. Примивме 21 гол но имам чувство дека можевме уште подобро да одиграме во одбраната, имаме уште доста резерви во нас“, рече Прибак.
„Мечот со Чешка е многу важен за нас, но и за нив, ги знаете причините, Чесите уште се жалат на судиите од јунскиот натпревар. Поради тоа ги вратија сите репрезентативци, ќе играат нивните најдобри и најискусни играчи“, дополни Прибак.
Македонија ќе и гостува на Чешка в сабота од 14:30 чаот. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.