Спорт
Проблеми за Надал пред американската турнеја – нема да игра во Монтреал

Освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, Шпанецот Рафаел Надал, е принуден да го одложи почетокот на американска турнеја потврдувајќи дека нема да игра на мастерсот во Монтреал поради повредата на стомачните мускули.
36-годишниот Надал, кој оваа година победи на Австралија опен и на „Ролан Гарос“, се повлече од полуфиналниот дуел против Ник Кирјос на Вимблдон поради повредата. Тој не е доволно подготвен за враќање во Монтреал и ќе паузира за да може да настапи на САД опен во Њујорк.
„Тренирам подолго време, но само пред четири дена почнав со тренинзи со сервиси. Работите одат во вистинска насока, но вчера, по тренингот, почувствував болки во стомакот. Подобро е да не ризикувам и да почекам неколку дена. Би сакал да му се заблагодарам на директорот на турнирот во Монтреал, Јужин Лапјер, за неговото разбирање“, вели Надал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакл на „Сан Сиро“ – Милан со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Италија Милан го совлада Удинезе во првиот натпревар од новата сезона во Серија А со 4:2 (2:2). Триумф на почетокот на сезоната забележа и Аталанта. Екипата од Бергамо во Џенова со 2:0 ја победи Сампдорија.
На „Сан Сиро“ триумфално беше отворена новата сезона во која Милан влегува со желба да ја одбрани титулата. Сепак на самиот почеток домаќинот доживеа „студен туш“. Во втората минута Тогаш Родриго Бекао ги шокираше сите на стадионот, но многу брзо следеше пресврт.
Најпрво Калабрија беше фаулиран во шеснаесетникот, а Тео Ернандез го претвори пеналот во израмнувачки гол.
Тоа беше во 11. минута, а веќе во 15. Анте Ребиќ убавото додавање од десната страна го претвори во 2:1.
„Росо-нере“ го „пресече“ вториот гол на Удинезе во третата минута од судиското надополнување кога Масина постигна гол за израмнување.
Сепак, на самиот почеток од вториот дел Брахим Диас му донесе нова предност на Милан. Победата со својот втор гол ја потврди Ребиќ во 68.минута.
Аталанта на „Луиџи Ферарис“ во Џенова ја победи Сампдорија со 2:0 (1:0), со головите на Толои во 26. минута и дебитантот во Серија А, Адемола Лукман во 95.минута.
Спорт
Јунајтед го допреа дното – Тежок пораз од Брентфорд

Манчестер јунајтед доживеа катастрофален пораз (4:0) на гостувањето кај Брентфорд. „Црвените ѓаволи“, го доживеаја вториот пораз во новата сезона. Во три децениското постоење на Премиер лигата, Јунајтед никогаш досега не започнал сезона со два порази.
Во западен Лондон, домашниот Брентфорд ги искористи подароците од Давид Де Хеа, постигна два гола во 10.и 18.минута, а потоа во 31. и 35.минута само ја потврди победата.
Во вториот дел Роналдо два пати се обиде со глава, неговите удари беа непрецизни, а Кристијан Ериксен не успеа да реализира две добри шанси. Во последните 10 минути Брентфорд пропуштија три добри шанси да го постигнат петтиот гол.
Спорт
Шкупи со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Македонија, Шкупи, со победа ја запона одбраната на титулата. Првиот меч во новата сезона, поради европските обврски, Шкупи го одигра во рамките на второто коло.
Избраниците на Гоце Седлоски, славеа победа од 2.1 против Македонија ЃП.
Фудбалерите на Шкупи во интервал од три минути, во второто полувреме ја обезбедија победата.
Трпановски го постигна првиот гол во 67., а Цефас вториот во 70.минута.
Единствениот гол за Македонија ЃП го постигна Скендери.
Шкупи сега ќе му се посвети на натпреварот со Балкани, во плејофот во Конференциската лига.
Фото/facebook.com/fcshkupi1927