Спорт
Проблеми за судијата: Марчинијак влезе во неволји во Полска и си го загрози финалето на ЛШ

Полскиот судија Шимон Марчинијак е делегиран од УЕФА да го суди финалето на Лигата на шампионите, но по последните случувања се шпекулира дека тој сепак би можел да го пропушти овој голем натпревар.
Шимон Марчинијак е судијата на кој му оди навистина добро оваа сезона. Тој судеше финалиња на Светското првенство и дерби натпревари во други земји.
Неговата работа е високо ценета и благодарение на тоа УЕФА го назначи за судија на финалето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Манчестер Сити.
Сепак, Марчинијак влезе во неволја. Здружението „Никогаш повеќе“ кое се занимава со спречување на расизам и други форми на дискриминација во Полска, поднесе пријава против Марчинијак.
Судијата учествуваше на состанокот со Славомир Менцен, еден од лидерите на десничарската партија Конфедерација. Настанот наречен „Еверест“ се одржа на 29 мај.
„Марчинијак присуствуваше на неодамнешниот настан организиран од полскиот екстремно десничарски лидер Славомир Менцен, познат по својот слоган од пет точки: Ние сме против Евреите, хомосексуалците, абортусот, даноците и Европската унија.
Партијата е позната по својот екстремен однос кон етничките малцинства, мигрантите и бегалците, ЛГБТ луѓето и правата на жените“, се вели меѓу другото во соопштението на здружението „Никогаш повеќе“, кое бара од Марчинијак да се „дистанцира“ од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Де Хеа чекајќи на понуда од врвен клуб размислува за пензионирање

Поранешниот голман на Манчестер јунјтед, Давид де Хеа размислува за повлкување од фудбалот доколку не добие понуда од некој врвен клуб, тврди британскиот „Гардијан“.
Шпанскиот голман веќе одбил неколку понуди, вклучувајќи една богата од Саудиска Арабија и парите не се негов главен мотив за да продолжи, тврди весникот. Тој во моментов продолжува со индивидуалните тренинзи, чекајќи вистинска понуда откако Манчестер јунајтед не му го продолжи договорот по 12 години на „Олд Трафорд“ во кои освои титула од Премиерлигата, од ФА купот и од Лига Европа. Де Хеа сака понуда од тим каде што би бил постојан првотимец.
Во текот на летото тој беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Баерн Минхен, но преговорите не донесо плод. Тој си замина од „Олд Трафорд“ како најдолговечен голмн со 545 одиграни мечеви.
Спорт
Фудбалерките поразени од Бугарија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со 0:1, во првиот меч од Лигата на нации. На дуелот што се одигра на СЦ „Петар Милошевски“ при комплексот на ФФМ, Бугарките многу рано го отворија резултатот.
Јоана Станкова уште во четвртата минута ја затресе мрежата на Македонија и донесе водство за гостинската селекција.
Македонија во продолжението беше подобар тим, имаше неколку шанси за израмнување, а најизгледната ја пропушти Максути. Таа излезе сама пред голот, но шутираше непрецизно.
Спорт
Ја видовте ли кацигата на Хамилтон за Сузука?

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон можеби не доминира како порано во Формула 1, но за Јапонското ГП овој викенд дефинитивно ќе ја има „најкул“ кацигата меѓу 20-те Ф1 возачи во Сузука.
ФИА во 2020, конечно, го тргна ограничувањето на бројот на дизајни на кациги за возачите, и Хамилтон го искористи тоа за дизајн во соработка со јапонскиот илустратор Хаџиме Сорајама со уникатна флуоресцентна лента на центарот на кацигата, која се „пали“.
Навистина посебно.
Lewis Hamilton’s special helmet for the #JapaneseGP !!! 😍😍😍 pic.twitter.com/1L7xMZXYgK
— deni (@fiagirly) September 21, 2023
this helmet is sick, lewis hamilton never disappoints 🤩 pic.twitter.com/WkYsbY4fcK
— eri (@hamxnda) September 21, 2023
Lewis Hamilton's helmet for the Japanese GP is out of this world 👽 pic.twitter.com/1qJTsh6URo
— ESPN F1 (@ESPNF1) September 21, 2023