Спорт
Просинечки: Пушев и пиев, не бев робот каков што е Роналдо

„Таков играч не сме имале ни пред ни потоа. Беше неповторлив, волшебен“, вака навивачите на Портсмут говорат за Роберт Просинечки. Поранешниот хрватски репрезентитвец само една сезона играш за Портсмут. Просинечки може да се пофали дека во кариерата играл за двата најголеми шпаснки клуба, Реал и Барселона.
Просинечки, фудбалер со префинета техника, беше познат и како страствен пушач. Позната е приказната на неговиот поранешен соиграч, Питер Крауч, дека знаел да запали на полувремето во соблекувалната на Портсмут.
„Само една сезона играв во Портсмут, одлично ми беше, дури и ме прогласија за омилен странец. Со задоволство се сеќавам на тој период. Ќе останев подолго, но мојот татко се разболе и јас решив да се вратам во Олимпија, а потоа и во Загреб. Питер е симпатично момче, тогаш беше многу млад. Добар играч, особено со таква висина. Интересна личност. Јас никогаш не сум криел дека пушам. Но, дека сум пушел во соблекувалната на полувреме, тука малку претера“, рекол Просинечки.
„Денес пушат речиси сите, само што се кријат. Мислат дека ако те види некој дека ќе ти извади муабет дека се трудиш доволно. Тоа не е вистина. Јас живеев за фудбалот. Тоа што сакав да запалам цигара и да се напијам, тоа нема врска. Толку многу му дадов на фудбалот. Во денешниот врвен спорт демек тоа не се прави. Роналдо е исклучок, ми делува како да е програмиран. Внимава на секоја работа. Веројатно поради тоа трае толку долго. Целиот живот го подредил на фудбалот. Тој супер игра, но во тоа има нешто роботски. Ми се чини дека и во љубовта е како робот.“
Просинечки, повторил дека денешниот фудбал не е како оној од негово време и претходно.
„И Меси и Роналдо се талентирани, не се работи тука само за дисциплината. Поради дисциплината доминираат долго време. Нема повеќе да има такви играчи кои ќе доминираат толку долго време. Имавме и еден друг Роналдо, кој доминираше три години, го имавме Роналдињо, Марадона. Тие беа многу пореално. Луѓето сакаат да видат потег да ги изненадиш со нешто, сакаат да ја видат убавината на играта. Фудбалот сега е за роботи, сите се физички максимално подготвени, но кога ќе се појави некој поразличен тогаш се врзуваме за нив. Тука е Меси поразличен од Роналдо, кај него има убавина во играта“, заклучил Просинечки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона се откажа од трансферот на Рубен Невеш
Барселона следното лето нема да го ангажира играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невес.
Иако минатата сезона беше на радарот на лидерот во Примера и практично имаше се договорено со Барселона, клупското раководство реши приоритет да имаат други трансфери.
Медиумите во Шпанија шпекулираат дека Невеш не е целосно по вкусот на менаџерот Чави Ернандез.
Како што пренесува „АС“, реално Португалецот да го напушти Вулверхемптон, но не и Премер лигата.
Заинтересирани за неговите услуги се Манчестер јунајтед, Челзи и Ливерпул.
Спорт
Нагелсман прв фаворит за клупата на Тотенхем

Антонио Конте (53) доби отказ од Тотенхем, а до крајот на сезоната главен тренер ќе биде неговиот помошник Кристијан Стелини, соопштија од лондонскиот клуб.
Пред официјално да биде разрешен Италијанецот, англиските медиуми почнаа да пишуваат дека на негово место по отказот од Баерн би можел да дојде Јулијан Нагелсман (35).
„Скај спортс“, објави дека претседателот на Тотенхем сакал да го доведе Нагелсман во 2019 година, кога Маурисио Покетино доби отказ, и повторно во 2021 година, откако Жозе Мурињо си замина. Младиот германски стручњак наводно е заинтересиран за работата, но прво сака да се одмори и да размисли за сопствената кариера.
„Скај спортс“, открива дека првиот човек на Тотенхем Даниел Леви им се восхитува на тренерите Марко Силва, Роберто Де Зерби, Сержио Консеиао и Томас Франк, а како можен наследник на Конте се споменува поранешниот капитен на Манчестер сити, Винсент Компани, сега тренер на второлигашот Барнли.
Спорт
Атлетико сериозно е заинтересиран за Себаљос

Атлетико Мадрид сериозно се заинтересирани за фудбалерот на градскиот ривал, Реал, Дани Себаљос.
„Марка“, пишува дека Атлетико веќе вторпат стапил во контакт со Себаљос, кој на 30.јуни ќе биде слободен играч.
Себаљос не крие дека не е задоволен од улогата во тимот. Сака да добие повеќе минути на теренот. Анчелоти тоа не може да му го гарантира, а неговата позиција дополнително ќе се влоши доколку Реал, во летниот преоден рок го донесе Џуд Белингем.
За разлика од Реал, според „Марка“, Диего Симеоне е подготвен да му понуди место во стартниот состав на Атлетико.
Покрај Атлетико, Себаљос има понуда да се врати во Бетис.