Спорт
Против Полска да се покажат амбициите за пласман на Евро 2020
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20.45 часот), во Скопје, ќе се судри со првиот фаворит во Групата Г од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, Полска, и ќе мора да покаже добра игра да покаже дека позитивните резултати може првпат да ја однесат на едно големо натпреварување.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски по успешниот настап во Лигата на нациите, продолжија импресивно и во квалификациите за Евро 2020 кога по гостинското 1:1 реми со Словенија, во Скопје ја победија со 3:1 Летонија, за заедно со Полска и со Израел да се промовираат во фаворити за пласман на континенталниот шампионат.
Информациите велат дека се продадени 20-ина илјади влезници за пресметката, што значи дека и поддршката ќе биде тука и селекторот ветува напаѓачки фудбал.
„Ќе излеземе со цел да се бориме за позитивен резултат против еден квалитетен противник. Среќен сум што повредите нè одминаа. Некои од оние што се враќаат од повредите направиja сè што може да се вратат и да играат на овие натпревари. Тоа покажува какви личности имаме во тимот и тоа може само да ме радува. Ќе играме максимално офанзивно и одговорно и нема да менувам ништо од мојата филозофија. Ни доаѓа една квалитетна селекција, а тоа буди многу мотиви кај нас да се избориме за позитивен резултат и да покажеме колку вредиме. Левандовски е добар играч, но ние ќе играме против Полска. Само со тимска игра се справуваме со секој противник, па така ќе биде и утревечер. Воопшто не е важно против кој ривал играме, туку за што играме. Убеден сум дека тие што ќе излезат на терен, ќе го дадат последниот атом да се радуваме“, вели селекторот.
Полска во својот состав има фантастични фудбалери од најголемите европски клубови, како Роберт Левандовски, Аркадијуш Милик, Кшиштоф Пјонтек, и капитенот Горан Пандев смета дека се работи за вистински тест.
„Атмосферата е одлична, се подготвуваме добро и знаеме дека ни следуваат два тешки натпревара. Сепак, концентрирани сме само на натпреварот против Полска. Овој натпревар треба да ни го покаже патот во квалификациите. Ако ги победиме, можеме да се квалификуваме на Европското првенство. Но, знаете каков тим и какви поединци имаат Полјаците во своите редови. Со помош на публиката можеме да се радуваме. Оваа генерација е зрела, најдобра со која сум играл во репрезентацијата и овие натпревари се вистински да го покажеме квалитетот и нашиот нов победнички менталит“, изјави Пандев.
Фото: УЕФА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Орсато ќе го суди натпреварот во Манчестер
Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе ја дели правдата на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.
Првата средба меѓу овие две екипи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 3:3.
УЕФА повторно му го додели дуелот на овие два тима на искусниот Италијанец, кој судел многу големи натпревари во кариерата. Еден од најзначајните е оној од 2020 година кога го судеше финалето во Лигата на шампионите.
Интересно е што Орсато беше главен судија во 2022 година, кога ја делеше правдата на дуелот меѓу истите ривали во Мадрид, кога Реал помина во наредната фаза по победата од 3:1.
Спорт
Раул Гарсија ќе се пензионира на крајот од сезоната
Атлетик Билбао објави дека Раул Гарсија ќе се пензионира на крајот од сезоната.
Фудбалерот од Навара ќе ја заврши својата долгогодишна кариера со 602 одиграни натпревари во Примера, во дресот на Осасуна (101), Атлетико Мадрид (216) и Атлетик Билбао (285), пишува „Марка“.
„Се има крај“, вели тој во прошталното видео, во кое дресовите на трите клуба ги става во плакарот.
Тој е еден од четворицата капитени на Атлетик Билбао и ќе ја носи капитенската лента до крајот од сезоната како признание од соиграчите.
Фудбалерот роден во Навара ќе наполни 38 години во јули и е многу омилен во соблекувалната, а тренерите и соиграчите ја фалат неговата посветеност и пожртвуваност.
Раул Гарсија, во професионалниот фудбал од неговото деби за Осасуна во 2004 година, зад себе остава успешна кариера. Купот (2024) со Атлетико ќе остане последна титула на кариерата.
Го освои и Суперкупот (2021) во Билбао, додека со Атлетико ја освои Ла Лига (2014), Купот (2013), Суперкупот (2014), Европа Лига (2010 и 2012) и Суперкупот на Европа (2010 и 2012).
Спорт
Ларкин одбил три милиони долари по сезона од Ефес
Еден од најдобрите кошаркари во Европа, iграчот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин на крајот од сезоната ќе стане слободен играч.
Намерата на клубот е да го задржи Американецот, но барем засега преговорите не одат во посакуваната насока.
Имено, турскиот клуб му понудил двегодишен договор со плата од 3.000.000 долари по сезона. Ларкин оваа понуда ја одбил, сакал подолгорочен договор, на три или повеќе сезони, бидејќи го сака животот во Турција и клубот за кој настапува.