Спорт
Противниците во Б-дивизијата Македонија ќе ги чека од последниот барабан

Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на македонија, четвртиот циклус во Лигата на нации ќе го игра во Б-дивизијата.
Македонија напредуваше во Лигата на нации откако ја освои Групата 4 во Ц-дивизијата. Ждрепката Македонија ќе ја чека од четвртиот шешир, заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово.
Носители на ждрепката во Б-дивизијата се Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, во вториот шешир се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, а во третиот Словенија, Грузија, Ирска и Романија.
Ждрепката за следното издание на Лигата на нации ќе се одржи во првото тримесечи од 2026 година, датумот се уште не е официјално објавен, додека натпреварите ќе започнат во септември 2026 година, по завршувањето на Светското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос и Монако го одбранија домашниот пораз

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал.
Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен.
Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и Ели Окобо со 19 поени и седум асистенции.
Кај Барселона, Кевин Пантер беше најдобар со 16 поени и два скока, Дарио Бризуела додаде 13, колку што постигна и Фал кои имаше и 14 скокови.
Олимпијакос, за разлика од Монако, во првата четвртина ја најави победата, а практично го реши натпреварот до полувремето кое го доби со 47:29.
Саша Везенков беше најефикасен со 23 поени и седум скока.
Го следеа Еван Фурние со 13 поени и Никола Милутинов со 11 поени и осум скока. Најдобар во тимот на Реал беше Серхио Љуљ со 16 поени, додека двоцифрен беше само уште Марио Хезоња со 13 поени.
Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.