Спорт
Прва победа на У-18 репрезентацијата во Измир, утре против Хрватска за опстанок во елитата

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години стигна до својата прва победа на Европското првенство во Измир, Турција, откако во драматичен меч со 65:62 ја победија Црна Гора во меч за пласман. Ова значи дека утре во директен дуел со репрезентацијата на Хрватска ќе падне одлуката за опстанок во елитната „А“ дивизија во мечот за 13. место.
По одличното прво полувреме, Македонија имаше предност од 32:25, но Црногорците успеаја да се вратат и со пресврт 24:14, стигнаа до 59:56 водство. Сепак, потоа, Шошкиќ реализираше за 59:59, пред да поведеме со 64:62 на помалку од минута до крајот на мечот.
Фото: КФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Торино пак ја остави Рома без победа

Рома на Жозе Мурињо остана на само една победа на стартот на новата сезона во Серија А, откако Дуван Запата успеа да спаси поен за Торино за 1:1 реми.
„Волчицата“ беше поблиску до трите поени, откако Ромелу Лукаку стрелаше во 68. минута, и кога изгледаше дека тоа е доволно, новото засилување на „Граната“, Колумбиецот Дуван Запата израмни во 85. минута од мечот.
Ремито ја остава Рома на 13. место со само 5 освоени поени, додека Торино се деветти со 8 поени.
Спорт
(Видео) И без Мбапе, ПСЖ доминираше во францускиот „Ле класик“

Пари Сен-Жермен, по неочекуваниот пораз од Ница во претходното коло, се созеде и стигна до импресивна и доминантна 4:0 победа над својот најголем (вечен) ривал, Олимпик Марсеј.
На „Паркот на принцовите“, дербито со ривалот од јужна Франција, секогаш се жестоки и неизвесни, но овојпат имаше само еден тим кој играше на теренот. Само што почна мечот, во 8. минута, Ашраф Хакими ги донесе Парижани во водство, по што следуваше неочекуваната замена на Килијан Мбапе во 32. минута поради повреда.
Ова не им пречеше на домаќините, кои во 37. минута го зголемија водството преку Рандал Коло Муани, за да стават точка на мечот преку Гонсало Рамос, кој го замени Мбапе, постигнувајќи два гола во 49. минута.
ПСЖ сега е на 3. место на табелата со 11 поени, два помалку од неочекуваниот лидер Брест, додека Марсеј се на седмото место со 9 поени и без победа во последните три кола.
Спорт
(Видео) На шампионот не му оди – Осимен утна пенал, само поен против Болоња

За разлика од минатата сезона, кога ги „газеа“ своите противници, на актуелниот шампион Наполи не му оди најдобро на стартот на новата сезона, одигрувајќи само 0:0 на гостувањето кај Болоња.
Ова е трет меч едноподруго во кој тимот на Руди Гарсија не победува, а уште повеќе разочарува неефикасноста на напаѓачите. Виктор Осимен имаше најдобра шанса да ги донесе гостите во водство во 72. минута од мечот кога беше досуден, но тој беше непрецизен.
Македонскиот ас, Елиф Елмас доби шанса во 76. минута кога го замени слабиот Квича Кварацхелија, но ниту тој не успеа да помогне да се стигне до победа.
Bologna Napoli ends in a goalless draw. This missed penalty from Victor Osimhen was the closest the Partenopei came to breaking the deadlock. ❌#BolognaNapoli pic.twitter.com/9ozQ1moEso
— $ (@samirsynthesis) September 24, 2023